Промени тема
Контакт

Променливо облачно и релативно топло, дожд и снег на планините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
skopje-sneg-2022-2

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе се појави магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови се очекуваат врнежи од дожд, додека на повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

— реклама —

Минималната температура ќе се движи од 2 до 5 степени, а максималната дневна ќе достигне од 11 до 18 степени.

— реклама —
— реклама —

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 15 степени.

— реклама —

Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд се очекуваат и во понеделник, поинтензивни во југоисточните делови, додека на планините ќе врне снег. Поради продор на постуден воздух, врнежите од дожд на повисоките места ќе преминуваат во снег. Потоа ќе следуваат два дена со претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Сончево, но нестабилно попладне: Се очекуваат пороен дожд, грмежи и град

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Најмногу дожд во Крива Паланка – измерени 30 литри на метар квадратен

Македонија | пред 1 месец

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Топло време со температури до 38 степени, попладне можна нестабилност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Денес сончево и многу топло, температурата ќе достигне до 39 степени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања