Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Просечната плата во Загреб достигна 1.790 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
plata-evra

Просечната нето плата во Загреб во март годинава изнесувала 1.790 евра, што претставува раст од 2,1 отсто во споредба со февруари и зголемување од 6,7 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на градската служба за статистика на главниот град на Хрватска.

— реклама —

Според објавените податоци, медијалната нето плата во март изнесувала 1.497 евра, што значи дека половина од вработените во Загреб примале помалку, а половина повеќе од овој износ.

— реклама —

Највисоката просечна нето заработувачка била исплатена во секторот финансиски услужни дејности, со исклучок на осигурувањето и пензиските фондови, каде што вработените во просек добиле 2.535 евра.

Од друга страна, најниските плати биле забележани во дејноста производство на облека, каде што просечната нето плата изнесувала 1.021 евро.

— реклама —

Во споредба со хрватскиот просек, кој во март изнесувал 1.555 евра, загрепската просечна нето плата била повисока за 235 евра.

— реклама —

Просечната бруто плата по вработен во Загреб во март достигнала 2.584 евра, што е зголемување од 2,3 отсто во однос на февруари и 7,2 отсто во споредба со март минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 2 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања