Не секоја монета од едно евро има вредност колку што е испишано на неа. Одредени грешки при ковањето можат значително да ја зголемат нејзината цена меѓу колекционерите, а еден од најбараните примероци е монета од 1 евро издадена во Монако.
Станува збор за серија монети од 2007 година, на кои недостасува еден од вообичаените елементи – рогот на изобилството, ознака на ковачницата што се наоѓа под ликот на принцот Албер Втори. Според достапните податоци, вакви се само 2.291 примерок.
Поради реткоста, колекционерите се подготвени да платат и до 500 евра за една ваква монета, што е повеќекратно повеќе од нејзината номинална вредност.
Експертите посочуваат дека и други грешки при ковањето можат значително да ја зголемат вредноста на монетите. Меѓу нив се издвојуваат неправилно поставени матрици, монети изработени на погрешна подлога, како и таканаречениот ефект „пржено јајце“, кога внатрешниот дел од монетата има необична форма.
Посебен интерес кај колекционерите предизвикуваат и монетите од Монако, Сан Марино и Ватикан, бидејќи се произведуваат во ограничени количини и ретко се наоѓаат во редовен оптек.
Иако ваквите примероци се ретки, познавачите советуваат внимателно да се прегледува ситниот метален паричен фонд, бидејќи понекогаш токму обичната монета во паричникот може да се покаже како вреден колекционерски предмет.