Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Прв пат во историјата? „Активирајте ја нуклеарната опција против Унгарија!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
orban-2

Под слоганот „Силна Европа во светот што се менува“, во текот на следните шест месеци Кралството Данска, кое го презеде претседателството со Советот на Европската Унија на 1 јули, ќе се фокусира на две главни теми - безбедност и одбрана и конкурентност и зелена транзиција.

На овој пат, Данска покрена важна иницијатива, имено, сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на Унијата, вклучително и покренување на таканаречената „нуклеарна опција“, Член 7, против Будимпешта, пишува Политико.

— реклама —

„Продолжуваме да бидеме сведоци на кршење на фундаменталните вредности“, изјави данската министерка за европски прашања, Мари Бјер, пред новинарите во Архус, каде што е во посета Европската комисија, додека Копенхаген го презема претседателствоto со Советот на ЕУ, додавајќи: „Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7, како и расправата за Унгарија“.

„Нуклеарна опција“

— реклама —

Член 7 е клаузула во договорот на ЕУ што им овозможува на земјите да гласаат за исклучување или санкционирање на членка што ги крши правилата на Унијата. Се смета за најтешка законска мерка - „нуклеарната опција“, која ЕУ сè уште не ја имплементирала и покрај тврдењата на Брисел дека Унгарија го прекршила законот.

Бјер, исто така, рече дека Унијата треба да размисли за ограничување на пристапот до фондовите на Унијата за земјите што го кршат европското право, а друго важно прашање за Данска е проширувањето на ЕУ. Министерот ја критикуваше Унгарија за постојаната блокада на членството на Украина во Унијата и рече дека Данска е подготвена да ги разгледа сите политички и практични решенија „за да можеме да продолжиме напред“.

— реклама —

Недостаток на поддршка од две земји

Доколку земјите од ЕУ одлучат да ја заострат постапката според Член 7, тие би можеле да ѝ го одземат правото на глас на Унгарија за прашања од европската политика, како што е проширувањето, со што ќе го изгубат правото на вето на Будимпешта врз членството на Украина.

— реклама —

Сепак, дипломатите предупредуваат дека таков чекор би барал решителна поддршка од Париз и Берлин за да се убеди остатокот од Унијата, и дека поддршката во моментов недостасува.

Иако Унгарија продолжува категорично да го отфрла членството на Украина, се шпекулира дека Европската комисија може да одлучи да продолжи со членството на Молдавија со формално отворање на преговарачки кластер во наредните денови. Молдавија и Украина се движат кон членство во ЕУ заедно, па затоа нивното одвојување би било контроверзно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 ден

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања