Првиот заменик премиер Меџити, дел од 29. Конференција за климатски промени COP29

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
izet-m

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како - COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку.

— реклама —

COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит е „Инвестирање во одржлива иднина“, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии, и обезбедува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промовирање на обновливите извори на енергија.

— реклама —

Првиот вицепремиер Меџити, претстојува заедно со министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, каде е дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција, и претставува можност за Македонија да создаде нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе за постигнување на долгорочни климатски цели и економски развој.

— реклама —

Од суштинско значење е да се имплементираат резултатите од глобалниот преглед за да се одржи целта кон 1,5 степени целзиусови, на национално определен начин.

Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, COP29, која се одржува во Баку, Азербејџан започна денес а завршува на 22 ноември 2024.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv8qj8pib2lca9tGbDjD

„Зетот на Изет Меџити именуван за директор на Агенцијата за стокови резерви“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryak7ll321etrgc2DT6bX

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер, Мухамед Хоџа ќе раководи со животна средина

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-02-25-at-11.23.00

Ќе го отстрани пешачкиот надвозник и ќе направи пешачки премин со семафори, Меџити го обелодени планот за Бит Пазар

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryc1ap85n8vj4ucWbLAz4

Меџити: ДУИ е симбол на влезот на српските банки

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања