„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Првите пораки од Уставен: „Уставноста не се брани со шатори, на улица“, „ Ние треба да се обратиме до граѓаните не до политичарите - бидејќи нивната култура е јасна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ustavni-sudi

Во Уставниот суд се расправа за Законот за јазици. Судијката Елизабета Дуковска, која е судија-известител посочи: „Сметам дека имаме должност да ги увериме граѓаните во нашата непристрастност во одлучувањето, согласно Уставот. Факт е дека по овој предмет е одржана подготвителна седница на која се разгледувала уставноста на членот, нема ништо да изгубиме ако ја викнеме стручната фела и да им поставиме прашања, ценам дека и ова е начин да ги разгледаме сите прашања кои произлегуваат. Побарав и дополнително мислење од Венецијанската комисија и да ги отстраниме сомнежите од било какво влијание“.

— реклама —

На ова се надоврза судијката Добрила Кацарска.

„Не гледам потреба правната фела да ја прашаме дали овој закон е уставен или не. Венецијанската комисија веќе има мислење за овие прашања, ние треба да одговориме, бидејќи ние сме уставни судии“, рече судијката Кацарска.

— реклама —

Свое мислење даде судијката Ана Павловска-Данева.

„Ова е првпат да се добие предлог за подготвителна седница, жалам што е така, никој не зборуваше за Законот за јазиците додека не го ставивме на гласање. Треба да има подготвителна седница да се слушнат мислењата на експертите во државата“, веи Павловска-Данева.

Став искажа и судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева.

„Граѓаните мора да знаат дека уставните судии работат во нивен интерес и согласно уставот. Дебатата на оваа подготвителна седница е со цел да ги презентираат своите ставови. Само преку отворен дијалог може да изградиме мост кој ќе не убединува... Должност на Уставниот суд е да ги слушне сите мислења. Ниту еден судија не смее да потклекне на политички притисок, ние тука доаѓаме да го чуваме Уставот. Употребата на јазиците не треба да не поделува, туку да биде мост кој нѐ обединува. Да останеме посветени, законитост, уставност и правда... Уставноста не се брани со шатори, на улица... Улицата никогаш не била место за бранење на уставноста“, вели судијката Васиќ-Бозаџиева.

Свое мислење даде и судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска.

„Мислам дека е добро да слушнеме аргументи од сите, не дека тоа ќе го промени нашиот став во однос на тоа дали е во согласност на Уставот или не. Сметам дека предлогот на судијата известител е во ред, бидејќи граѓаните ќе бидат запознаени како и политичарите, бидејќи ниту разбираат ниту знаат која е услогата на Уставниот суд. А тоа е да ја цени уставноста на законите“, рече Дабовиќ-Анастасовска.

Татјана Васиќ-Бозаџиева упати апел до судиите Насер Ајдари, Осман Кадриу и Фатмир Скендер да се појават на седницата.

Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски, рече дека ќе го прифати предлогот.

„Јас ќе го прифатам предлогот од три причини. Никогаш не сум гласал против подготвителна и јавна седница, само јас и Добрила присуствувавме на една подготвителна седница. За спорните уставни прашања за материјалниот дел не е оддржана подготвителна седница и во тој контекст добар е предлогот на судијата известител. И третиот момент е дека подготвителна седница мислам дека ќе ни помогне да ги разобличиме сите оние обиди за етнизација и политизација на одлуките на Уставниот суд. Ние треба да се обратиме до граѓаните, не до политичарите - бидејќи нивната култура е јасна... И ќе го прифатам тој предлог“, рече Костадиновски.

Според Кацарска, не е потребно одржување на никаква подготвителна седница бидејќи треба да се гласа по однос на уставноста на Законот за јазици, бидејќи Венецијанската комисија образложила сѐ во 98 точки и нотира дека Законот е неуставен: „Не знам што би покажале со таа подготвителната седница и со неа нема да се добие баш ништо со таа седница“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања