Промени тема
Контакт

Првпат спроведена еутаназија на тешко болно дете во Холандија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT
unsplash

Во Холандија е спроведен првиот случај на еутаназија кај неизлечиво болно дете, откако на почетокот на 2024 година стапија во сила правилата што ја овозможуваат оваа постапка, соопшти министерката за јавно здравје на земјата, Софи Херманс.

— реклама —

Во писмо испратено до парламентот, Херманс наведе дека специјалната комисија задолжена за процена на случаите на еутаназија кај деца го разгледала пријавениот случај, разговарала со лекарот кој ја спровел постапката и своите наоди ги доставила до Јавното обвинителство, кое треба да утврди дали постапката била извршена во согласност со законот, пренесува „Ен-Ел тајмс“.

— реклама —

Министерката не откри детали за возраста на детето, ниту за природата на болеста.

Според прописите усвоени во 2024 година, еутаназијата е дозволена за деца на возраст од една до 12 години кои боледуваат од неизлечива болест, под услов да постои согласност од родителите и процена дека не постои друг начин за ублажување на страдањето.

— реклама —

Мерката е наменета за тешко болни деца за кои се очекува да починат во догледен период, вклучително и пациенти со тешки вродени аномалии и метаболички нарушувања.

— реклама —

Пред усвојувањето на новите правила, еутаназијата во Холандија беше дозволена само за новороденчиња и за деца постари од 12 години, додека за децата на возраст од една до 12 години беа достапни палијативна седација и други методи за ублажување на симптомите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3vpfth01mcl61IhxLif

Во Холандија е еутаназирано првото неизлечиво болно дете, имало речиси две години

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-librarycjltkneste6ob36nR37

Повисокиот данок не ги одврати туристите: Холандија во јули ја посетиле 3,36 милиони гости

Патувања | пред 1 седмица

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Вирусот на Западен Нил се шири во Холандија: девет заразени и еден починат

Свет | пред 1 месец

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Западнонилската треска однесе прва жртва во Холандија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања