Промени тема
Контакт

Психолог од Струшката болница, избркана поради бременост – од стрес го изгубила бебето во седмиот месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarym5eut5fidd3vbhVWm23

Психолог од ЈЗУ Општа болница Струга, воедно магистер по специјална едукација и рехабилитација и психотерапевт со 14-годишно искуство и бројни професионални обуки, останала без работа веднаш по откривањето дека е бремена. Како што објави „Сакам да кажам“, последицата од стресот што го претрпела била трагична – жената го изгубила бебето во 27-та недела од бременоста.

— реклама —

Иако цели 23 години работела со договор на определено време, по 40 часа неделно, без прекин и без статусно решение, договорот не ѝ бил продолжен на 31 декември 2024 година – токму кога очекувала конечно вработување по ланските парламентарни и претседателски избори. На нејзино место бил примена друга, помлада кандидатка, а во исто време директорот на болницата вработил уште 65 лица од различни профили.

— реклама —

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека над оштетената е извршена директна интерсекциска дискриминација – истовремено по основ на пол, возраст и бременост.

Во пријавата доставила медицински докази од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство дека била во целосно уредна и безризична бременост.

— реклама —

„Поради стресот што го доживеав од губењето на работното место, на 4 март 2025 година, во скоро 27 гестациска недела, го изгубив моето чедо. Јас сум здрава жена, со уредна бременост. Тортурата врз мене го направи своето“, напишала таа во пријавата.

Директорот на болницата пред Комисијата не го негирал фактот дека на местото на избрканата е вработен друг психолог, ниту дека примил уште 65 лица. Сепак, под „морална и кривична одговорност“ тврдел дека никогаш не ѝ рекол да си оди дома затоа што е бремена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Приведен стружанец, агресивно се однесувал кон татко му и ја оштетил покуќнината

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryb8690ip8obc52F8KSeZ

„Што сакаат и за петлите наутро да наплатат?“, Сопственик на апартмани од Струга реагира по фактура од ЗАМП од 16.650 денари

Македонија | пред 2 месеци

media-library5qlrqriqfq0f4W5sFCf

(Видео) Музичка вечер на Црн Дрим во организација на „Соларис“ и Europe House

Македонија | пред 2 месеци

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања