Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пукање во близина на Белата куќа: Двајца припадници на Националната гарда во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarydpbir4jhsmc7eSI1tss

Во тешка вооружена пресметка што се случи во средата попладне во центарот на Вашингтон, двајца припадници на Националната гарда од Западна Вирџинија беа критично повредени откако вооружен напаѓач отвори оган врз нив.

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени нападот како „чин на зло, омраза и терор“, нагласувајќи дека станува збор за „злосторство против целата нација“.

— реклама —

Во првичните изјави Трамп тврдеше дека напаѓачот влегол во САД од Авганистан во 2021 година, критикувајќи ја администрацијата на неговиот претходник Џо Бајден.
Сепак, според податоци на повеќе извори за ABC News, осомничениот е идентификуван како 29-годишниот Рахманулах Лаканвал – кој поднел барање за азил во 2024 година и го добил азилот во април 2025 година, токму во време на администрацијата на Трамп.

По објавите на претседателот, Американската служба за државјанство и имиграција (USCIS) соопшти дека ја запира обработката на сите имиграциски барања поврзани со државјани на Авганистан „до понатамошно безбедносно преиспитување“.

— реклама —

ФБИ го води случајот како потенцијален акт на меѓународен тероризам и испитува дали напаѓачот бил инспириран од странска терористичка група.

Нападот се случил околу 14:15 часот, во близина на метро-станицата Farragut West, само неколку блокови од Белата куќа. Според полицијата, напаѓачот се појавил зад аголот, подигнал оружје и од заседа пукал кон припадниците на Гардената.

Командантот Џефри Керол од полицијата во Вашингтон изјави дека други припадници на Гардената веднаш реагирале:

„Ги слушнале пукотниците, го совладале осомничениот и го држеле на земја откако бил погоден.“

Покрај тешко повредените припадници на Националната гарда, и осомничениот е ранет и хоспитализиран во критична состојба.

Белата куќа накратко беше блокирана како мерка на претпазливост, но мерката беше укината околу 17 часот. Трамп, кој традиционално го минува Денот на благодарноста во Мар-а-Лаго на Флорида, веднаш реагираше и на социјалните мрежи:

„Животно кое пукаше врз двајца припадници на Националната гарда… ќе плати многу висока цена,“ напиша претседателот.

Министерот за одбрана Пит Хегсет соопшти дека, по налог на Трамп, во Вашингтон ќе бидат испратени дополнителни 500 припадници на Националната гарда.

Тој го нарече нападот „кукави чен и подмолен чин“, а генерал-мајор Тим Сјуард од Националната гарда на Западна Вирџинија ги пофали колегите кои „го неутрализирале напаѓачот и спасиле животи“.

Во моментов во Вашингтон се распоредени 2.188 припадници на Гардената како дел од федералното преземање на контролата врз безбедноста во градот.

Градоначалничката на Вашингтон Муриел Баузер изјави дека нападот „изгледа како целен чин“.
Потпретседателот Џеј Ди Венс, кој во моментот се наоѓа во воена база во Кентаки, порача:

„Ова е тажен потсетник дека војниците – било активни, резервисти или Национална гарда – се меч и штит на САД.“

Повеќе информации за мотивите и идентитетот на напаѓачот се очекуваат на прес-конференција најавена за четврток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи: САД со „претерани барања“ ги урнаа мировните преговори

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Војната ја намалува побарувачката за танкери и контејнерски бродови

Свет | пред 15 часа

SolarProject_Refinery4

Нафтената криза го забрзува преминот кон соларна енергија, Кина во предност

Свет | пред 16 часа

media-library4onpumejnanva0joyBu

Откриени нови детали за напаѓачот на гала-вечерата со Трамп

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања