Промени тема
Контакт

Пукање во Вишничка Бања: Пет лица ранети во кафе-бар во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarycoqhqjb31gba4tzRfN7

Пет лица се ранети во пукање кое се случило нешто по 14 часот во кафе-бар во белградската населба Вишничка Бања.

— реклама —

Непознати напаѓачи влегле во локалот „Локал бар“ и отвориле оган врз присутните гости.

Досега е познато дека меѓу ранетите се маж на возраст од 59 години и жена од 42 години, соопштуваа од Министерството за внатрешни работи (МУП) на Србија.

— реклама —

Денеска околу 14:23 часот во угостителски објект во Вишничка Бања, од страна на засега непознато лице, било употребено огнено оружје, при што се повредени пет лица – три мажи и две жени. Повредените се пренесени и згрижени во Ургентниот центар. Во тек е увид и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот, стои во соопштението на МУП.

— реклама —

Според првичните, неофицијални информации, повеќе вооружени лица излегле од возило, упаднале во локалот и почнале да пукаат. Сведоци велат дека кафулето во минатото било собиралиште на навивачи, но засега не е познато дали нападот има поврзаност со тоа.

Одеднаш слушнав пукање. Прво не знаев што се случува, а потоа видов дека луѓето трчаат на сите страни. Се слушаа истрели од повеќе страни, а на улицата имаше минувачи и луѓе на автобуската постојка. Сите почнаа да бегаат, изјавил еден од очевидците за порталот nova.rs

— реклама —

Полицијата е на местото на настанот и врши увид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: „Со големо внимание го следиме јакнењето на нацизмот во Хрватска“

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Голема полициска акција во Србија: Уапсени пет лица поради сексуална експлоатација на деца на интернет

Балкан | пред 12 часа

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Вирусот на Западен Нил се шири во Србија: 53 заболени, дури 49 со невроинвазивна форма на болеста

Балкан | пред 3 дена

media-library4j5q5pllvfat235JHd9

(Видео) Крст, свеќи, два ковчега и обесена глава од животно пронајдени во нива во Србија

Вирално | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања