Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пуштен во употреба реконструираниот аеродром „Свети апостол Павле“ во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycbeonvlffmop2aMJ9Vq

Охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ денеска свечено ја промовираше обновената терминална зграда, по реконструкцијата што започна во март годинава. Станува збор за прва поголема реконструкција на аеродромот по 56 години.

— реклама —

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека со реконструкцијата аеродромот добива практично нова терминална зграда и помошни простории, што треба да овозможат подобро искуство за патниците.

— реклама —

Аеродромот годинава бележи рекорден број патници. Од почетокот на годината досега се опслужени повеќе од 240 илјади патници, а очекувањата се дека до крајот на годината бројот ќе достигне околу 4 милиони.

— реклама —

Во обновената зграда се поставени и реплики на мозаици од стариот дел на Охрид, како и реплики на фрески од катедралната црква „Света Софија“.

— реклама —

Паралелно со обновата на аеродромот продолжува и развојот на патната инфраструктура во регионот, а Николоски најави дека најтешката делница од автопатот треба да биде отворена во следните месеци, додека целиот автопат се очекува да биде завршен во првата половина од следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 3 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 6 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања