Рускиот претседател Владимир Путин на 19 и 20 мај ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Кремљ.
Посетата ќе се одржи само неколку дена по престојот на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг.
Според Кремљ, Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе разговараат за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и соработката меѓу Русија и Кина.
Двајцата лидери ќе разменат мислења и за клучни меѓународни и регионални прашања, а по разговорите се очекува да потпишат и заедничка декларација.
Во рамки на посетата е предвидена и средба меѓу Путин и кинескиот премиер Ли Ќијанг, посветена на економската и трговската соработка меѓу Москва и Пекинг.
Кина важи за еден од најважните економски партнери на Русија и е најголем купувач на руска нафта и фосилни горива.
Иако Пекинг повикува на мировни разговори за Украина, досега не ја осуди руската инвазија и се претставува како неутрална страна во конфликтот.