Кинескиот претседател Си Џинпинг го покани американскиот претседател Доналд Трамп во посета на Кина по завршувањето на тридневната државна посета на САД.
За време на церемонијата на чај во Белата куќа, Си посочи дека двајцата лидери би можеле повторно да се сретнат уште двапати до крајот на годината – на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Кина и на самитот на Г20 во Мајами во декември.
„Го покануваме претседателот и неговата сопруга во посета на Кина“, рече Си.
Трамп одговори дека ќе ја прифати поканата, додавајќи дека двајцата лидери „многу ќе разговараат“.
Посетата на Си на Вашингтон се одржа во период на засилени трговски тензии меѓу САД и Кина, кои беа меѓу главните теми на разговорите. Иако двајцата претседатели јавно разменија пофалби, од нивните средби произлегле малку конкретни резултати.
Се очекува САД дополнително да информираат за евентуалниот напредок во трговските преговори. Самитот на АПЕК годинава треба да се одржи во ноември во Шенжен.
На самитот својот престој го најави и рускиот претседател Владимир Путин, што отвори можност за нова средба меѓу Си, Трамп и Путин.
Трамп и Си се сретнаа и минатата година на маргините на самитот на АПЕК во Јужна Кореја, кога постигнаа поширок трговски договор за намалување на тензиите.