Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Путин се огласи: Нема потреба од хистерични рекции за американско-руските разговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tramp-putin

Рускиот претседател Владимир Путин го пофали исходот од разговорите меѓу Русија и САД во средата во Саудиска Арабија и рече дека Украина нема да биде исклучена од преговорите за ставање крај на војната.

— реклама —

„Без зголемување на нивото на доверба меѓу Русија и САД, невозможно е да се решат многу прашања, вклучително и украинската криза“, рече Путин во првите коментари за средбата одржана во вторникот во Ријад.

„Целта на оваа средба беше да се зголеми довербата меѓу Русија и САД“, рече Путин.

— реклама —

Украинската и европската влада не беа поканети на разговорите во главниот град на Саудиска Арабија, зголемувајќи ја нивната загриженост дека Русија и САД би можеле да постигнат договор што ги игнорира нивните витални интереси.

Но, Путин тврди дека Русија никогаш не ги отфрлила разговорите со Европејците или со Киев и дека тие одбиле да разговараат со Москва.

- Никому ништо не наметнуваме. Подготвени сме, сто пати го кажав - ако сакаат нека се случат тие преговори. И ќе бидеме подготвени да се вратиме на преговарачка маса. Никој не ја исклучува Украина, рече рускиот претседател, нагласувајќи дека затоа нема потреба од хистерична реакција на американско-руските разговори.

Рускиот претседател ги поздрави разговорите меѓу шефовите на руската и американската дипломатија одржани во вторникот во Саудиска Арабија. Тој ги нарече „првиот чекор“ во обновувањето на односите меѓу двете сили.

„Информиран сум за тоа, го оценувам позитивно, има резултати“, рече Путин, пренесе руската државна телевизија.

„Го направивме првиот чекор да продолжиме да работиме во многу различни области“, додаде тој.

Путин увери дека средбата со Американците била „многу пријателска и многу срдечна“, оценувајќи дека тимот на Доналд Трамп е „отворен за преговарачкиот процес“.

Путин зборуваше и за можноста за средба со американскиот претседател.

- Би бил среќен да се сретнам со Доналд (Трамп) (...) А мислам дека и тој би се сретнал, рече Путин, но додаде дека не може да каже кога таа средба би можела да се организира.

По разговорите, Москва и Вашингтон одлучија да ги обноват дипломатските претставништва, поставувајќи ги темелите за обновување на односите. Ќе воспостави „консултативен механизам“ за надминување на споровите и назначување преговарачи за Украина.

Путин во средата сугерираше дека нападот со украинско беспилотно летало врз станицата на Конзорциумот на Каспискиот гасовод (CPC) во јужна Русија можеби бил координиран со Европа, но рече дека се надева дека тоа не е така.

Путин рече дека верува оти Украина не можела сама да организира таков напад и дека најверојатно добила западни разузнавачки информации.

Беспилотно летало удри во нафтоводна станица во Русија во понеделникот, прекинувајќи го снабдувањето со нафта од Казахстан на светските пазари преку западните компании, вклучувајќи ги Шеврон и Ексон Мобил.

Путин, исто така, во средата рече дека руските сили започнале нова офанзива во Украина.

– Последната информација што ја добив пред еден час е дека борци од 810-та бригада синоќа ја преминале границата меѓу Русија и Украина, изјави Путин.

Според новинската агенција Тас, војниците дошле од руската област Курск, каде од летото се водат борби. Таму силите на Киев окупираа неколку стотици квадратни километри.

Киев веднаш го демантираше ова.

„Информациите на Путин за голема руска офанзива се лага“, објави Андриј Коваленко, портпарол на центарот за борба против дезинформации на украинската влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nafta-696x465-1

ЕУ планира трајна забрана за увоз на руска нафта

Свет | пред 5 часа

raketa

Украина ги отфрли тврдењата за набавка на нуклеарно оружје

Свет | пред 5 часа

zaharova-51235

Москва: Проширувањето на НАТО кон границите на Русија е клучна причина за конфликтот

Свет | пред 14 часа

media-libraryo6jodtsb2v61bTSvpFC

Захарова по објавата на досиејата на Епстин: Вистинските монструми биле на Западот

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања