Работи кои никако не треба да ги пребарувате на Google

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
gugl

Интернет измамите се многу чести, а некои од нив лесно може да ги препознаете. Можеби сметате дека сте вешти во препознавање онлајн измами, но дали знаете дека на нив може да наидете дури и кога на Google пребарувате за обични работи?

— реклама —

Ова се некои од работите кои никако не треба да ги пребарувате на Google:

— реклама —

1. Број на корисничка служба

— реклама —

Да се пронајде корисничкиот број на некоја поголема фирма понекогаш и не е толку едноставна работа. Кога станува збор за големите светски компании, тоа станува уште потешко, а повеќето всушност овозможуваат корисничка поддршка преку чет на официјалните страници.

Не треба преку Google да ги барате корисничките служби бидејќи дури и топ резултатите може да ве доведат до лажни телефонски броеви. Ако ги повикате, можат да ви побараат доверливи лични податоци.

Исто така, може да наидете на злонамерни линкови кои можат да го заразат вашиот уред. Кога ви е потребен број на корисничка служба, барајте го само на официјалната страница на компанијата.

2. Техничка поддршка

Кога ќе се појават проблеми со електроника, може да се случи да пребарувате на Google за да најдете контакт од техничка поддршка која би можела да го реши вашиот проблем. Притоа, може да кликнете на некои од првите резултати кои Google ќе ви ги понуди, а тоа може дополнително да ги влоши проблемите

Измамниците се вешти во креирање лажни интернет страници кои на прв поглед делуваат легитимно. Ќе бараат од вас некои лични податоци, а може и да побараат однапред да платите за поправка, па само може да останете без пари.

3. Финансиски услуги и апликации

Благодарение на интернетот, не мора да излеземе од дома кога сакаме да платиме за некоја услуга. Сепак, при тоа треба да бидеме внимателни бидејќи финансиите може да ги изложиме а одредени ризици.

Сè повеќе апликации нудат едноставно плаќање на услугите, а со тоа ризикот од можни измами е поголем, па бидете многу внимателни чии услуги користите, кои апликации за плаќање ги користите, кому му давате доверливи податоци и погрижете се секогаш да ги користите само официјалните страници и апликации.

4. Апликации

Денес постои апликација буквално за се што ни е потребно, но сите апликации не се безбедни. Ако преземете апликација од некој непроверен извор, вашиот уред може да биде изложен на злонамерни софтвери.

Значи, апликациите преземајте ги од проверени страници како што се Apple Store и Google Play Store.

5. Купони

Сите сакаме да заштедиме некој денар, особено сега кога цените се многу повисоки. Купоните се еден од начините за заштеда, но немојте да барате кодови на Google.

Ако на интернет видите купон кој нуди 50% попуст, па дури и повеќе, и кликнете на тоа, може да бидете пренасочени на лажна страница која од вас може да бара лични информации во замена за купон. Тоа е аларм што треба да ве предупреди дека нешто не е во ред.

Ако сакате попуст, секогаш следете ги официјалните страници за трговија и услуги кои ве интересираат за да проверите дали постојат некои промо акции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Падна Google - корисниците пријавуваат проблеми со голем дел од сервисите

Магазин | пред 5 месеци

kgn-img-484545

Google го менува начинот на кој ги гледате резултатите од пребарување

Магазин | пред 7 месеци

Нема фотографија

Google плати 10 милиони долари на ловците на грешки

Магазин | пред 1 година

104637042-GettyImages-513101776

Google ја прекинува поддршката за уште еден од своите производи

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања