Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Работник на „Комуналец“ Гостивар загина при чистење канал кај Горно Јеловце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD
Скопје1.мк

Шеесет и четиригодишен вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар го загубил животот при извршување работни задачи во атарот на селото Горно Јеловце, информираат од СВР Тетово.

— реклама —

Според полицијата, на 15 јуни во 12:47 часот било пријавено дека во канал за вода се наоѓа починато лице. Полициски службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Н.М. (64) од селото Дебреше, вработен во ЈП „Комуналец“ Гостивар.

— реклама —

Според првичните информации, тој заедно со свои колеги дошол да го исчисти каналот на локација каде што имало одводни канали за прибирање на проточни води. Во текот на работата, се заглавил во еден од каналите.

— реклама —

Од каналот бил извлечен од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, но лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

— реклама —

На местото на настанот излегол и трудов инспектор, а увид извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека надлежните институции продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 13 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 13 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања