Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Радев повторно ќе ја отвори темата за Бугарите во Македонија пред Советот на Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Балкан
11-radev

Бугарскиот премиер Румен Радев најави дека пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, повторно ќе го покрене прашањето за положбата на бугарската заедница во Македонија. Тој тврди дека нема подобрување во односот на македонските власти кон Бугарите, туку дека проблемите дополнително се продлабочуваат.

— реклама —

Радев ова го изјави во Даблин, за време на деветтиот самит на Европската политичка заедница, каде што се собраа европски лидери и претставници на меѓународни институции. На маргините на самитот е предвидена и негова средба со генералниот секретар на Советот на Европа.

— реклама —

Бугарскиот премиер рече дека средбата е важна за зајакнување на улогата на Советот на Европа како гарант на демократијата, човековите права и владеењето на правото. Притоа најави дека повторно ќе укаже на, како што оцени, недоволните чекори на македонските власти за подобрување на положбата на бугарската заедница.

— реклама —

Ова не е првпат Бугарија да го отвора прашањето пред Советот на Европа. Во септември во Стразбур, претседателката Илијана Јотова разговарала со Берсе и посочила дека Софија ги спровела досегашните препораки, изразувајќи надеж дека надзорот врз групата предмети „ОМО Илинден и други против Бугарија“ наскоро ќе заврши. Таа тогаш оценила дека отворените предмети му штетат на угледот на Бугарија.

— реклама —

Надзорот на Комитетот на министри на Советот на Европа се однесува на спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со слободата на здружување. Во доставениот текст се наведува дека ниту една од 14-те пресуди со кои на Бугарија ѝ е наложено да ги регистрира македонските здруженија не е спроведена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Валканата предизборна кампања ги демотивираше граѓаните

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев со порака до Мицотакис: „Во минатото цар Самоил нè делеше, денес нè обединува“

Балкан | пред 1 месец

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Нема потреба од средба со Мицкоски

Македонија | пред 4 месеци

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

Радев: Една година ги убедував европските лидери за Бугарите во Уставот

Балкан | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања