Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Рајанер“ ни понуди само нов лет, тврди Србинот кој за малку ќе испаднеше од авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8s5715ueopllbhKpUuM

Патникот кој за малку ќе беше извлечен од авион на „Рајанер“ по пукањето на прозорецот за време на летот најави тужба против ирската авиокомпанија, тврдејќи дека како компензација му бил понуден само нов авионски билет.

Според „Телеграф“, станува збор за 61-годишниот Љубиша Каровиќ од Србија, кој ангажирал адвокат и бара отштета од компанијата по инцидентот што се случил пред две недели на лет од Солун до Меминген.

— реклама —

Каровиќ изјавил дека спиел кога прозорецот покрај неговото седиште пукнал на височина од околу 6.000 метри, а разликата во притисокот делумно го извлекла надвор од авионот. Неговиот живот, како што тврди, го спасиле сопругата Светлана и други патници кои го држеле за нозете.

Тој наведува дека по несреќата никој од „Рајанер“ лично не го контактирал, туку семејството добило само електронски пораки со понуда за нов лет.

— реклама —

Во инцидентот Каровиќ се здобил со изгореници и повреди на раката и градниот кош, а вели дека и денес има психички последици и не може да спие.

— реклама —

По наглото губење на притисокот во кабината, пилотот го спуштил авионот на помала височина, патниците ставиле кислородни маски, а леталото се вратило во Солун, каде што Каровиќ бил пренесен во болница.

Неговиот адвокат најави дека ќе бара значителна отштета, оценувајќи дека не станува збор само за финансиска компензација, туку и за утврдување на одговорноста за инцидентот.

Од „Рајанер“ соопштија дека нема да ја коментираат несреќата додека трае истрагата, но истакнаа дека нивниот тим за поддршка е во контакт со семејството и дека екипажот постапил професионално, успешно враќајќи го авионот во Солун.

Инцидентот го истражува американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB), кој треба да го објави прелиминарниот извештај во наредните недели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

man-chases-plane-at-dublin-airport-after-missing-flight-136429820876502601-180927100034

Рајанер ги менува правилата за багаж: Еве колку време пред летот ќе мора да пристигнете

Патувања | пред 3 дена

— реклама —
media-library8dj04sgisio52NpdMMr

„Рајанер“ најавува историски раст на цените на авионските билети во Европа – можно поскапување до 20 отсто

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf40ntalvsmlu70fczrW

Дошол без долна облека и ги кренал нозете на седиштето: Патник на „Рајанер“ казнет со 200 евра

Свет | пред 1 седмица

media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t

Нов удар за патниците: „Рајанер“ се повлекува од уште еден аеродром

Патувања | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања