Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Рама не толерира непослушност: Спиропали исклучена од пратеничката група

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Балкан
media-libraryc7dlf36s7gjoe4s7yFf

Поранешната претседателка на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, е исклучена од пратеничката група на Социјалистичката партија и отстранета од сите нејзини раководни структури. Одлуката следува по несогласувањата со премиерот Еди Рама, вклучително и нејзините јавни критики за начинот на кој тој ги води партијата и владата.

— реклама —

Како причини за исклучувањето се наведуваат внатрепартиските судири, непослушноста при клучни гласања и непочитувањето на партиските обврски. Рама побарал нејзино отстранување и за време на состанокот на Националното собрание на партијата, каде што се спротивставил и на останувањето на адвокатот Пларент Ндреца во партиските структури.

На 21 ноември, за време на состанокот во Тирана, Рама повторно се осврнал на Спиропали и Ндреца, порачувајќи дека за нив повеќе нема место во политичкото семејство на социјалистите.

— реклама —

„Сите се потребни, но никој не е незаменлив“, изјавил Рама, најавувајќи дека нема да толерира непочитување на партиските обврски.

— реклама —

Спиропали, пак, преку јавни пораки порача дека нема намера да се откаже од своите ставови. По одлуката на партиското раководство, таа пркосно изјави:

„Како да ми ја отсекоа главата, но ми израснуваат уште седум“.

— реклама —

Во меѓувреме, по доброволното напуштање на пратеничката група од страна на Марјана Кочеку, владејачкото мнозинство во албанскиот парламент има 81 пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd3cjajbhm6dtbsewvx0

(Видео) Рама одби да се меша во случајот „Монструм“ и му порача на новинар: Македонија е суверена држава, проблемот е во твојата глава

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
edi-rama

Посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на Еди Рама

Македонија | пред 2 дена

Rama1

Еди Рама смета дека Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Македонија

Македонија | пред 6 дена

Rama1

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама поради сомневања за незаконско одобрување туристички проекти во заштитени подрачја

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања