Промени тема
Контакт

ЕДИ РАМА

media-libraryqv5gt89rijopfc0aWAB

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани и гумени куршуми – ескалација на протестите во Тирана

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина на канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама траело околу два часа, но ситуацијата повторно ескалирала откако еден демонстрант фрлил молотов коктел врз зградата.Полицијата одговорила со солзавец и водени топови, пренесе „Еуроњуз Албанија“.Потоа демонстрантите почнале да фрлаат камења кон полицијата, а според првичните информации, полициските службеници испукале и гумени куршуми.Откако полициските сили ги растерале демонстрантите од булевар

Свет | пред 3 дена

edi-rama

Ќе ја платат секоја штета: Рама им се закани на демонстрантите во Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека учесниците во насилните протести во Тирана ќе се соочат со кривична и финансиска одговорност, вклучително и за предизвиканата материјална штета. Тој порача дека е подготвен за дијалог со граѓаните, но не и со директните сторители на насилството или со политичките партии што не се оградуваат од нив.Во изјава објавена на социјалните мрежи, Рама нагласи дека правото на протест е уставно загарантирано, но дека уништувањето јавен имот, фрлањето молотови коктели

Балкан | пред 5 дена

media-libraryg2mndvf1mc674A7MgsL

Ескалација на протестите: Дрон со екскплозив требало да ја погоди зградата на Владата во Тирана, тврди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред два дена бил неутрализиран дрон со експлозив, со кој наводно се планирало да биде нападната зградата на албанската влада и да се предизвика пожар во внатрешниот двор.„Пред два дена беше неутрализиран дрон со експлозив, со кој се планираше да се погоди зградата на владата и да се запали внатрешниот двор“, изјави Рама во обраќање во живо на својата страница на Фејсбук.Тој оцени дека ниту еден студент не би помислил да спроведе ваков план и посочи дека за

Балкан | пред 6 дена

edi-rama-696x523

Рама по уништувањето на Колеџот на Европа во Тирана: Одговорните ќе се соочат со последици

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Албанија нема да отстапи од патот кон Европската Унија, реагирајќи на оштетувањето на просториите на Колеџот на Европа во Тирана за време на вчерашниот протест.Обраќајќи се од оштетените простории, Рама го оцени објектот како симбол на случувањата во главниот град и ја обвини опозицијата дека се обидува да го попречи европскиот пат на земјата.Тој предупреди дека сите за кои ќе се утврди дека се одговорни за насилството и причинетата штета за време на проте

Балкан | пред 1 седмица

edi-rama

Трет ден протести во Албанија, Рама одбива оставка и обвинува за напади врз институциите

Албанскиот премиер Еди Рама се соочува со сериозен притисок поради тридневните протести во Тирана, предводени од студенти кои бараат оставка од владата поради корупцијата и зголемените трошоци за образование. И покрај ескалацијата на немирите, Рама порача дека нема да се повлече од функцијата и дека нема да дозволи насилството да го попречи патот на Албанија кон Европската Унија.Во изјава за „Ројтерс“, албанскиот премиер истакна дека владите се менуваат преку демократски избори, потсетувајќи дек

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryvsles1blo021drs5cdx

(Видео) „Летаа“ јајца кон Рама во Њујорк, демонстрантите извикуваа „мафија“, тој им возврати: „хистерични кокошки“

Албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со протести за време на престојот во Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации.Група демонстранти протестираше против Рама, извикувајќи „мафија“, а кон албанскиот премиер биле фрлани јајца и други предмети.Рама подоцна се огласи преку социјалните мрежи и ги коментираше демонстрациите, нарекувајќи ги учесниците „хистерични кокошки“.„На оние кои се нагрнаа со албанското знаме и клукаа по улици како хистерични кокошки, имам д

Настани | пред 4 седмици

edi-rama

Рама се огласи: „Јас сум кум на мафијата? Носете се.“

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли обвинувањата на опозицијата и учесниците на протестите дека стои зад корупциски активности поврзани со изградбата на луксузен туристички комплекс во кој се вклучени Иванка Трамп и Џаред Кушнер.Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Рама порача дека не е негова обврска да ја докажува сопствената невиност.„Луѓето велат дека јас сум водач на сето ова. Им велам – носете се. Не е мое да докажувам дека не сум кум на мафијата, туку нивно е да докажат дека сум“, изјави Ра

Балкан | пред 4 месеци

media-library68v0l0pn8grn28tME3O

Макрон ја потврди француската поддршка за Албанија на патот кон ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама денеска престојуваше во официјална посета на Париз, каде што во Елисејската палата оствари работна средба и ручек со францускиот претседател Емануел Макрон.Посетата се реализира во рамки на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Албанија и Франција, со цел понатамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и размена на ставови за европската интеграција на Албанија и претстојниот самит на НАТО во Анкара.Според албанската државна агенција за меди

Балкан | пред 4 месеци

edi-rama-696x523

Рама со критики за протестите: „Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија“

Во услови на повеќенеделни протести низ Албанија, премиерот Еди Рама упати критики кон организаторите на синоќешните демонстрации во Тирана, обвинувајќи ги дека на протестот донеле учесници од Приштина и Тетово. Рама ги нарече учесниците „жртви на политички каравани“ и нагласи дека Албанците од Македонија и Косово не можат да се сметаат за албанска дијаспора.„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата зе

Балкан | пред 4 месеци

edi-rama

Рама: Зетот на Трамп ми пријде во Давос и рече дека сака да инвестира во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека нема да се откаже од контроверзниот луксузен проект поврзан со Џаред Кушнер, и покрај сè поголемите протести во земјата.Во интервју за Associated Press, Рама ги отфрли еколошките критики како последица на дезинформации и оцени дека проектот ќе ја претвори Албанија во атрактивна дестинација за големи инвеститори и луксузен туризам.„Откажување? Од што?“, одговори Рама на прашањето дали размислува да се повлече од проектот.Владата тврди дека инвестицијата мож

Балкан | пред 4 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама го брани зетот на Трамп: Да не беше Кушнер, никому немаше да му биде гајле за протестите

Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли растечките протести против планираниот луксузен туристички комплекс на островот Сазан и во областа Звернец, оценувајќи дека станува збор за политички мотивирана кампања која, според него, е дополнително поттикната од критичарите на американскиот претседател Доналд Трамп.Во интервју за „Политико“, Рама застана во одбрана на проектот поврзан со Џаред Кушнер, зет на Трамп, и порача дека инвестицијата нема да претставува закана за фламингата и останатиот див све

Балкан | пред 4 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Протести во Албанија поради проектот на зетот на Трамп, Рама обвинува за хибриден напад

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја се наоѓа во услови на „хибридна војна“ и оцени дека протестите против контроверзниот туристички проект поврзан со американскиот инвеститор Џаред Кушнер се поттикнати од надворешни непријателски сили.Станува збор за луксузен туристички проект на југот на Албанија, кој би опфатил заштитен остров и дел од крајбрежјето. Планот предизвика силни реакции кај еколошките организации и активистите, кои предупредуваат на можни последици врз природата и

Балкан | пред 4 месеци

edi-rama-696x523

Еди Рама: Никој не знае кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама на духовит начин одговори на прашање за тоа кога Албанија ќе стане членка на Европската Унија, нагласувајќи ја неизвесноста што го следи процесот на проширување на Унијата.На новинарско прашање „Кога Албанија ќе се приклучи кон Европската Унија?“, Рама кусо одговори:„Постојат три работи што не можат да се предвидат: Бог, сексот и Европската Унија.“Неговата изјава предизвика внимание во јавноста и беше сфатена како коментар за сложените и често непредвидливи процедури

Балкан | пред 4 месеци

media-libraryc2pb53ql7ot3aoL3M9N

Рама го брани спорниот туристички проект поврзан со семејството Трамп

Контроверзниот туристички проект во Звернец, во кој се споменуваат и потенцијални инвестиции од Иванка Трамп и Џаред Кушнер, повторно ја разбранува јавноста во Албанија по протестите и инцидентите што се случија во текот на викендот.Албанскиот премиер Еди Рама ги бранеше плановите за изградба на туристички комплекс вреден околу четири милијарди евра во крајбрежната област Звернец во регионот Валона, проект кој предизвика силни реакции кај екологистите и локалното население.Проектот е поврзан со

Балкан | пред 4 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама му возврати на Ципрас: Оставете ги „рефлексите од минатото“ и националистичката реторика

Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на ставовите на новата грчка левичарска партија на Алексис Ципрас, обвинувајќи ја дека од изолиран инцидент направила политичко прашање и дека се потпира на „рефлекси од минатото“, пренесе Екатимерини.Во отворено обраќање на социјалните мрежи до својот „стар пријател“ Ципрас, Рама изрази зачуденост што новата партија брзо го поврзала инцидентот во Звернец со наводни прекршувања на правата на грчкото малцинство во Албанија и со европската интеграција на

Свет | пред 4 месеци

edi-rama-696x523

Рама: Порано Албанија беше „Северна Кореја на Европа“, денес е на пат кон ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја во минатото била „Северна Кореја на Европа“, но денес се движи по патот кон Европската Унија.Говорејќи на Азиската лидерска конференција во Сеул, Рама посочи дека Албанија покажува дека демократски институции можат да се изградат и покрај тешкото историско минато и долгогодишната изолација.„Албанија беше Северна Кореја на Европа, а денес оди по поинаков пат – пат на градење институции, демократска модернизација и интеграција во Европска

Балкан | пред 5 месеци

edi-rama-696x523

Рама „се нафрли” на Јавниот сервис: Менаџментот на РТШ е „најмизерната служба на светот“

Албанскиот премиер Еди Рама жестоко го критикуваше Јавниот сервис, дури спомна и опција за негово гаснење. Тој го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“.Рама посочи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформи во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство.Тој рече дека јавниот сервис е неуспешен и оти неговото работење е полошо од помалите комерцијални телевизиски стани

Свет | пред 9 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама од Тирана: Западен Балкан не моли, туку покажува дека е подготвен за Европската Унија

Регионалните лидери денес се собраа во Тирана на самит посветен на Планот за раст „Нашиот пат кон ЕУ“, каде што земјите од Западен Балкан заеднички ја нагласија подготвеноста за забрзување на европските интеграции. На настанот присуствува и европската комесарка за проширување Марта Кос, што дополнително ја нагласува тежината на процесот.Во своето обраќање, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека регионот се наоѓа во период на најдлабоки реформи досега – трансформации што, како што нагласи, не с

Свет | пред 11 месец

media-libraryk7mlt5af6q0raPq5oGq

Њујорк тајмс: Демократијата умира, машините почнуваат да владеат – првиот експеримент е во Албанија

Додека довербата во демократските институции се урива, а вештачката интелигенција сè побрзо се развива, опасноста од предавање на човечките одлуки на машините расте. Албанија стана првата земја што направи вистински чекор кон т.н. алгократија – владеење на алгоритмите.Во септември, премиерот Еди Рама објави дека сите владини одлуки за избор на приватни добавувачи кои обезбедуваат стоки и услуги во вредност од над милијарда долари годишно ќе ги донесува вештачка интелигенција по име Диела. Со тоа

Свет | пред 11 месец

diela1

Инцидент во албанскиот парламент: опозицијата со шишиња против виртуелната „министерка“ Диела

Албанскиот парламент во саботата попладне беше сцена на хаотични настани откако премиерот Еди Рама ја претстави Diella – виртуелната „министерка“ создадена со вештачка интелигенција, која ќе биде задолжена за надзор на јавните набавки и борба против корупцијата. Опозициските пратеници реагираа бурно, фрлајќи шишиња и документи кон премиерот, обвинувајќи го проектот дека е неуставен и „политичка фарса“.Што претставува DiellaDiella е ВИ-систем изработен во соработка меѓу Microsoft и Националната а

Балкан | пред 1 година

divogradbi-buldozeri2

(Видео/Фото) Булдожерите на Рама уриваат објекти во заштитени подрачја

Албанскиот премиер почна безмилосна борба против дивоградбите во Албанија. На неколку локации досега, во Валона и Драч беа разурнати дивоградби со динамит и со тешка механизација. Денеска булдожерите уриваат куќи изградени во заштитено подрачје.Во наредниот период ќе бидат преземени дополнителни мерки за зајакнување на законската рамка, со цел никој од одговорните да не остане неказнет. Одговорност, како што соопштуваат пд кабинетот на Рама, ќе се бара не само од оние што нелегално градат, туку

Свет | пред 1 година

divogradbi-albanija

(Видео) Рама безмилосен, продолжува да ги урива дивоградбите во Албанија, овој пат на ред беше Драч!

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави ново видео на Фејсбук од масовното уривање на дивоградби ширум Албанија, овој пат од Драч.Рама имаше само кратка порака во својата објава „ЕУ“.Акцијата опфаќа отстранување времени објекти и огради поставени на тротоари и на јавни простори, а општините се задолжени да ги урнат сите градби на оние што не ги почитуваат официјалните одлуки.Државата ја претстави и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат директно да пријават узурпација на јавен

Свет | пред 1 година

edi-rama

Еди Рама го затвори „Њуз24“ без судска одлука – нов удар врз медиумската слобода во Албанија

Повеќе од 230 новинари и други вработени во „Фокус Медиа Груп“ од 11 август годинава не можат да влезат во своите канцеларии, а исплатата на платите и социјалните придонеси е стопирана. Причината – затворање на телевизијата „Њуз24“ по налог на премиерот Еди Рама, без постоење судска наредба, што предизвика сериозни реакции за нарушување на слободата на говорот и демократијата.Во раните утрински часови, просториите на „Фокус Медиа Груп“, каде се сместени редакциите на „Њуз24“, „БалканВеб“, „Панор

Свет | пред 1 година

edi-rama

Рама предлага „АИ министерство“ за бескомпромисна борба против корупцијата

Албанскиот премиер Еди Рама ја изненади јавноста со идеја за формирање министерство што целосно би го управувала вештачка интелигенција, оценувајќи ја како „најефикасен иден член на владата“, пренесува бриселски „Политико“.„Еден ден, можеби ќе имаме министерство кое е целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси,“ изјави Рама на прес-конференција.Албанија веќе користи вештачка интелигенција во институциитеВладата во Тирана веќе применува

Свет | пред 1 година

divogradbi-urivanje

(ВИДЕО) Еди Рама објави како ги уриваат дивоградбите во Албанија!

Албанскиот премиер Еди Рама, споделувајќи видео од акцијата за уривање на дивоградби, на „Фејсбук“ напиша дека со овие сцени ја продолжуваат битката против бесправната градба која ги загрозува и нагрдува заедничките простори. Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.-Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живе

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања