Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Макрон ја потврди француската поддршка за Албанија на патот кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-library68v0l0pn8grn28tME3O
screenshot x

Албанскиот премиер Еди Рама денеска престојуваше во официјална посета на Париз, каде што во Елисејската палата оствари работна средба и ручек со францускиот претседател Емануел Макрон.

— реклама —

Посетата се реализира во рамки на политичкиот дијалог на високо ниво меѓу Албанија и Франција, со цел понатамошно зајакнување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и размена на ставови за европската интеграција на Албанија и претстојниот самит на НАТО во Анкара.

— реклама —

Според албанската државна агенција за медиуми и информирање, Албанија ја цени улогата на Франција и личната посветеност на претседателот Макрон во промовирањето на нов пристап кон Западен Балкан и поддршката на европската перспектива на регионот.

По средбата, Макрон преку објава на платформата Икс ги пофали односите меѓу двете земји, нагласувајќи ја соработката во областа на иновациите, образованието, културата и туризмот.

— реклама —

„Сакаме да дадеме нов импулс на ова партнерство, дополнително зајакнувајќи ја економската и одбранбената соработка. Франција ја потврдува својата поддршка за европската интеграција на Албанија и за продолжување на неопходните реформи на патот кон Европската Унија“, напиша Макрон.

— реклама —

Денешната средба е продолжение на интензивната комуникација меѓу двајцата лидери, кои претходно официјално се сретнаа во Париз во април 2024 година, како и во Тирана во октомври 2023 и мај 2025 година. Покрај билатералните средби, Рама и Макрон редовно се среќаваат и во рамки на различни меѓународни форуми и мултилатерални формати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Rama1

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама поради сомневања за незаконско одобрување туристички проекти во заштитени подрачја

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
edi-rama

Ќе ја платат секоја штета: Рама им се закани на демонстрантите во Тирана

Балкан | пред 3 седмици

edi-rama-696x523

Рама по уништувањето на Колеџот на Европа во Тирана: Одговорните ќе се соочат со последици

Балкан | пред 4 седмици

media-libraryvsles1blo021drs5cdx

(Видео) „Летаа“ јајца кон Рама во Њујорк, демонстрантите извикуваа „мафија“, тој им возврати: „хистерични кокошки“

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања