Промени тема
Контакт

Рама: Порано Албанија беше „Северна Кореја на Европа“, денес е на пат кон ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
edi-rama-696x523

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека неговата земја во минатото била „Северна Кореја на Европа“, но денес се движи по патот кон Европската Унија.

Говорејќи на Азиската лидерска конференција во Сеул, Рама посочи дека Албанија покажува дека демократски институции можат да се изградат и покрај тешкото историско минато и долгогодишната изолација.

„Албанија беше Северна Кореја на Европа, а денес оди по поинаков пат – пат на градење институции, демократска модернизација и интеграција во Европската Унија“, рече Рама.

— реклама —

Тој ја спореди трансформацијата на Јужна Кореја со развојот на Албанија, оценувајќи дека отвореноста, стабилната демократија и иновациите се клучни за напредокот.

— реклама —

Во рамките на посетата, Рама се сретнал и со јужнокорејскиот премиер Ким Мин-сеок, при што разговарале за соработка меѓу двете држави во повеќе области.

Пред две недели, Европскиот парламент даде поддршка за европската иднина на Албанија и Црна Гора, оценувајќи дека Тирана бележи напредок во реформите, но дека остануваат предизвици поврзани со владеењето на правото, корупцијата и организираниот криминал.

— реклама —

Албанија има цел да ги заврши пристапните преговори со ЕУ до крајот на 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

edi-rama

Рама се огласи: „Јас сум кум на мафијата? Носете се.“

Балкан | пред 2 месеци

media-library68v0l0pn8grn28tME3O

Макрон ја потврди француската поддршка за Албанија на патот кон ЕУ

Балкан | пред 2 месеци

edi-rama-696x523

Рама со критики за протестите: „Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија“

Балкан | пред 2 месеци

edi-rama

Рама: Зетот на Трамп ми пријде во Давос и рече дека сака да инвестира во Албанија

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања