Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Расте бројот на заболени од ебола во Конго, потврдени нови случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
ebola

Здравствените власти во Демократска Република Конго соопштија дека бројот на лица заболени од ебола продолжува да расте, при што според најновите податоци во земјата во моментов се лекуваат 515 пациенти.

Според официјалните информации, во последните 24 часа се потврдени уште 27 нови случаи на заразата, што дополнително ја зголемува загриженоста за ширењето на епидемијата.

— реклама —

Владините податоци покажуваат дека од почетокот на епидемијата досега починале 91 лице.

— реклама —

Епидемијата беше официјално прогласена на 15 мај во североисточниот дел на земјата, но здравствените експерти предупредуваат дека вирусот веројатно се ширел незабележано и пред официјалното откривање на првите случаи.

Еболата се пренесува преку близок контакт со заразени лица и преку телесни течности. Во изминатите пет децении оваа болест однесе повеќе од 15.000 животи низ африканскиот континент.

— реклама —

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што за реткиот сој на вирусот ебола „бундибугјо“, кој стои зад актуелната епидемија, засега нема одобрена вакцина ниту специфичен третман.

— реклама —

Во обид да се спречи натамошното ширење на заразата, Светската здравствена организација и Африканскиот центар за контрола и превенција на болести започнаа шестмесечна програма вредна 518 милиони долари.

Планот предвидува зајакнување на епидемиолошкиот надзор, проширување на лабораториското тестирање и спроведување дополнителни мерки за спречување на инфекциите во погодените области.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 2.000

Свет | пред 3 часа

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Еболата во Конго надмина 4.000 заразени, починаа 1.850 лица

Свет | пред 4 дена

ebola

СЗО ја засилува помошта за Конго: Речиси 4.000 заразени од ебола

Свет | пред 6 дена

ebola

Епидемијата на ебола во Конго однесе најмалку 930 животи

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања