Промени тема
Контакт

Расте бројот на жртви во Бразил: 46 загинати, 21 лице се води како исчезнато

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library8gv86htn6trg3WjkSKC

Бројот на жртви во поплавите во бразилската сојузна држава Минас Жераис се искачи на 46, додека 21 лице се води како исчезнато, соопштија властите.

Поплавите и свлечиштата ги погодија градовите Жуиз де Фора и Уба, кои се оддалечени околу 110 километри, ги принудија околу 3.600 луѓе да ги напуштат своите домови, пренесе Ројтерс.

— реклама —
— реклама —

Иако дождовите престанаа во вторникот навечер, властите и волонтерите и натаму работат на помош за луѓето кои ги загубија своите домови. Градоначалничката на Жуиз де Фора, Маргарида Саломау, ги повика жителите од високоризичните подрачја да ги напуштат тие места и да побараат засолниште.

Забрзана е и помошта од сојузната влада на Бразил, која испрати здравствени тимови и експерти за национална одбрана.

— реклама —

Поплавите и свлечиштата во Бразил стануваат сè почеста појава за време на летната дождовна сезона, која трае од декември до март и носи интензивни врнежи и природни непогоди.

— реклама —

Овој февруари, градот Жуиз де Фора забележа највисоко ниво на врнежи во својата историја, повеќе од двојно над вообичаените количини за овој месец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypiitt2fhl35s6GsaO2j

Бразил со 4:0 ја совлада Индија, Лино двапати стрелаше

Спорт | пред 21 час

— реклама —
media-libraryjiapoegukcvk89gRilR

Се маскирал во жена и бегал низ шума: Уапсен Бразилец осомничен за 16 убиства

Свет | пред 2 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Сериски убиец уапсен во Бразил, на полицијата ѝ рекол дека убил околу 80 луѓе

Свет | пред 2 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

САД воведуваат царини од 25 отсто за поголем дел од увозот од Бразил

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања