Промени тема
Контакт

Расте бројот на жртви во Венецуела: Во земјотресите загинаа 1.943 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5
screenshot X

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што минатата среда ја погодија Венецуела се искачи на 1.943 лица, соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез.

Според последните информации, бројот на повредени речиси е двојно зголемен и достигна 10.571 лице, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините.

— реклама —

Во понеделникот беше соопштено дека бројот на загинати изнесува 1.719 лица, што укажува дека бројот на жртви и понатаму расте.

Првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи минатата среда во 18:04 часот по локално време, на околу 200 километри западно од Каракас.

— реклама —

Набргу потоа следуваше втор, уште посилен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, чиј епицентар бил на околу 45 километри од првиот, по што следувале бројни последователни потреси.

— реклама —

Според податоците на Американскиот геолошки институт (USGS), земјотресот со јачина од 7,5 степени е најсилниот што ја погодил Венецуела во последните повеќе од сто години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 6 дена

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 седмица

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 2 седмици

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Над 5.000 жртви во разорните земјотреси во Венецуела

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања