Промени тема
Контакт

Расте поддршката за синот на Трам да биде следниот кандидат за претседател на САД, рејтингот на Венс - паѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Анкетите во САД покажуваат дека на потпретседателот Џеј Ди Вeнс му опаѓа предноста како можен републикански кандидат за претседателските избори во 2028 година. Истражувањето на McLaughlin & Associates открива дека неговото водство пред Доналд Трамп Џуниор се намалило од 20–28 поени летово, на само 10 поени во ноември.

— реклама —

Вeнс долго важеше за природен наследник на политиките на Доналд Трамп, кој поради Уставот не може повторно да се кандидира во 2028 година. Но, падот на рејтингот на актуелната администрација, според аналитичарите, директно се одразува и врз неговата популарност.

— реклама —

Паралелно, Трамп се соочува со најнизок рејтинг од враќањето во Белата куќа – само 39% одобрување. Експертите велат дека силната поврзаност меѓу двајцата го влече Вeнс надолу.

Сепак, други анкети му даваат значителна предност: YouGov во ноември му мери 42% поддршка, далеку пред Трамп Џуниор со 13%.

— реклама —

Како можни кандидати за 2028 се споменуваат и Марко Рубио и Тед Круз, но никој формално не ја најавил трката. Вeнс вели дека фокусот му е на сегашната функција, а Трамп Џуниор жестоко ги негира шпекулациите дека размислува за кандидатура.

— реклама —

Јасната слика за републиканската трка ќе се знае дури по меѓуизборите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryodu5a8damiipetyam0w

Северна Кореја ги нападна САД поради оружјето за Тајван: „Вашингтон ги зголемува тензиите“

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 22 часа

morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања