Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Растот на платите е три до четири пати поголем од времето на СДСМ“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ги отфрли критиките на СДСМ дека Владата не обезбедува доволно брз раст на платите, оценувајќи дека актуелните резултати се значително подобри во споредба со претходниот владин мандат.

— реклама —

Тој истакна дека споредбите треба да се прават врз основа на конкретни економски показатели, а не, како што рече, „по чувство“.

— реклама —

„Во времето на претходната влада на СДСМ и ДУИ реалната нето-плата беше во негативна зона. Денес, во 2024 и 2025 година, а очекувам така да биде и во 2026 година, реалната нето-плата бележи раст. Во 2024 година растот беше над 12 проценти, а во 2025 околу шест проценти“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека тоа, според него, претставува резултати кои се три до четири пати подобри од оние во минатото, но призна дека има простор за дополнително зголемување на платите.

— реклама —

Во своето обраќање тој посочи дека Владата се соочува и со големи финансиски обврски наследени од претходната власт. Според неговите зборови, во изминатите две години биле сервисирани обврски во висина од 4,6 милијарди евра, а до крајот на годинава остануваат уште околу една милијарда евра за отплата.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека и во наредните години државата ќе има значителни обврски по основ на еврообврзници и камати, но дека Владата работи на долгорочен план за обезбедување финансиска стабилност до 2030 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања