Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Разбиена криминална група во Србија: Краделе гориво од странски бродови на Дунав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryrfuivc4dgq0e481OCGX
Илустрација

Седум лица се уапсени во Србија под сомнение дека како дел од организирана криминална група краделе гориво од странски бродови кои пловеле по Дунав, соопшти српското Јавно обвинителство за организиран криминал.

— реклама —

Акцијата е спроведена по налог на обвинителството, во соработка со припадници на Секторот за внатрешна контрола на полицијата.

Уапсените се сомничат за здружување за вршење кривични дела и за продолжено кривично дело недозволен промет со акцизни производи.

— реклама —

Според истрагата, од август минатата година до денес, членовите на групата на подрачјето на Белград преточувале поголеми количества евро-дизел од странски бродови што пловеле по Дунав во пластични контејнери сместени во товарни возила.

— реклама —

Потоа горивото го складирале во импровизирани магацини и нелегално го пуштале во промет, без да бидат платени соодветните даноци и акцизи.

Надлежните органи наведуваат дека на овој начин осомничените стекнале противправна имотна корист, чија висина сè уште не е утврдена.

— реклама —

Уапсените ќе бидат спроведени во Обвинителството за организиран криминал, каде ќе бидат сослушани во рамки на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 21 час

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања