„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Разликите помеѓу Мој воздух/Aircare и другите апликации - На кој да верувате?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
zagadeno-magla-15

Креаторот на „Мој воздух“, Горјан Јовановски преку социјалните мрежи објасни зошто има разлики во податоците при следење на загадувањето на воздухот меѓу различните апликации.

— реклама —

„Периодов добивам повеќе прашања околку податоците што апликациите за следење на загадувањето ги имаат, па да ги разјасниме работите:

— реклама —

⁉️ Зошто гледам различни бројки на AirCare и IQAir?

- AirCare користи EU AQI како основен индекс за загадување, додека IQAir користи US AQI. Тие се тотално различни скали (едната од 0 до 100, другата од 0 до 500), па затоа кога гледате US AQI бројките се поголеми. Ако сакате да ги споредувате апликациите, AirCare во менито од страна нуди можност да се смени апликацијата во US AQI.

⁉️ Од каде доаѓаат податоците во апликациите?

- AirCare користи податоци од државни и од волонтерски мерни станици, додека IQAir користи само државни, што значи помало покривање и помалку податоци кога државните ќе се расипат.

⁉️ Зошто на IQAir гледам дека некои станици имаат податоци, а вие викате дека немаат?

- Зошто IQAir ги покажува последните податоци измерени од една станица, без разлика колку се стари, дури и по 12 часа. Во AirCare штом повеќе од 60 минути немаме нов податок, ја обележуваме станицата дека нема вредност. Транспарентноста е клучна.

⁉️ IQAir направи рангирање на Скопје на Х место во светот по загаденост!

- И да, и не. Прво, IQAir јавно не ја кажвуаат нивната методологија на рагинрање на градови. Второ, Скопје често е на топ листи во Европа, но на светско ниво има огромен број на градови во земји како Кина, Индија, Пакистан што се далеку позагадени. Без јасна методологија на кои градови се рангираат, и како, и колку често, IQAir само си прават можност за реклама од медиуми.

⁉️ Епа добро, на кое место е Скопје според загаденост?

AirCare прави многу појасно рангирање на градови низ светот. Нашата методологија споредува моментална загаденост на градови кои имаат над 300.000 жители, и може да се види и во апликацијата и на веб страната: https://getaircare.com/web/

⁉️ Ама апликација Х е од Швајцарија/Германија/Америка, сигурно е подобра?

- Апликација е, не е кола 🙂“, се вели во објавата на Јовановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryspdrb2ict1ddc8rnTWj

Скопје на „високото” второ место во Европа по загаденост

Скопје | пред 3 седмици

skopje-zagadeno

Скопје урива светски рекорди - денес петти најзагаден град

Скопје | пред 11 месец

skopje-vodno-zagadeno-magla

„Повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи“: В сабота протест за чист воздух

Скопје | пред 11 месец

zagadeno-magla-15

Скопје на петто, Македонија на седмо место по загаден воздух: нездраво е да се дише

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања