Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Разоткриен таен нарко-погон во Војводина: запленета дрога вредна милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
droga-1
Илустрација

Во голема полициска акција на територијата на Војводина е откриен нелегален нарко-погон, при што се запленети повеќе од 107 килограми наркотични средства, опрема за нивна подготовка и значителна сума пари.

— реклама —

Според информациите на српските медиуми, полициските службеници пронашле 46,3 килограми амфетамин, 61 килограм марихуана и 10 килограми креатин, супстанца која најчесто се користи за зголемување на масата на наркотиците пред нивна продажба.

— реклама —

Во рамки на акцијата бил откриен објект во Нови Карловци кој служел како база за складирање, мешање и препакување на дрога. При претресот била пронајдена и комплетна опрема за подготовка на амфетамин, четири прецизни ваги, мобилни телефони, клучеви од објектот, како и 17.400 евра и 15.000 српски динари, за кои постои сомнение дека потекнуваат од нелегални активности.

Во акцијата се уапсени две лица, Ж.Г. (40) и Б.Ј., двајцата од подрачјето на општина Земун. Тие се осомничени за соизвршителство во кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

— реклама —

По налог на надлежните органи, на осомничените им е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство за понатамошна постапка.

— реклама —

Српските медиуми наведуваат дека акцијата е една од најголемите заплени на дрога во регионот во последниот период и резултирала со целосно разоткривање на мрежа за подготовка и дистрибуција на наркотични средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 12 часа

— реклама —
media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 1 ден

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 дена

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања