Основното јавно обвинителство Велес денеска со писмен поднесок го повлекло обвинението против кавадаречкиот судијата Лазар Нанев, кој беше гонет за кривичното дело „несовесно работење во службата“, потврди за „Скопје1“, адвокатот Владимир Туфегџиќ.
Тој посочи дека одбраната навремено побарала Обвинителството да ја преиспита законитоста и основаноста на поднесеното обвинение, имајќи ги предвид доказите што биле понудени во постапката.
„Имајќи ги предвид понудените докази, навремено побарав јавното обвинителство да ја преиспита законитоста и издржаноста на поднесеното обвинение, пред сè поради економичноста и целисходноста на кривичната постапка“, наведе Туфегџиќ.
Според него, во текот на постапката одбраната изнела цврсти аргументи и докази кои укажувале на неоснованост на обвинението, по што надлежниот јавен обвинител донел одлука да го повлече.
„За поздравување е одлуката и доблеста на надлежниот јавен обвинител да го повлече обвинението против судијата Лазар Нанев“, истакна Туфегџиќ.
Тој додаде дека овој пример треба да го следат и други јавни обвинители во ситуации кога нема доволно докази кои го поткрепуваат обвинението, особено поради економичноста и ефикасноста на кривичната постапка.
Нанев беше гонет поради постапување како судија за извршување на санкции. Тој за „Скопје1“, во телефонски разговор, посочи дека не е точно дека бил гонет за наводна комуникација со обвинет во предмет кој тој го судел. Според Нанев, во обвинителниот предлог кој сега е повлечен стои дека тој наводно ненавремено издал наредба за приведување на осудено лице.
Разрешен судијата Лазар Нанев
Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев е разрешен од функцијата судија.Судски Совет, донесе едногласна одлука, расправата и одлуката да се водат без јавност.Лазар Нанев е разрешен од судија, зад затворени врати за да се заштител угледот на сега екссудијата.Подносител на барањето за одговорност на Нанев е претседалката на Судскиот совет, Весна Дамева.Според наводите, дознава Скопје1, Лазар Нанев со обвинет во предмет кој што го водел, остварил 95 повици во период од шест месеци во 2020 годинa.За Нанев имаше две постапки во Судскиот совет за утврдување на негова одговорност.Втората постапка е дека и го нарушил угледот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.
Македонија | пред 1 година
Нанев во телефонскиот разговор за „Скопје1“ посочи дека и зад разрешувањето стојат лични интереси, а не повреда на законот.