Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Реформите треба да тежат повеќе од билатералните спорови“, Мицкоски со порака од самитот во Тирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-librarya07pll4q1t4lcBjJDD4

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот во Тирана посветен на Планот за раст и европската интеграција на Западен Балкан, изјави дека Северна Македонија очекува оценувањето од страна на ЕУ да се темели исклучиво на реализирани реформи, а не на билатерални блокади.

На новинарско прашање за неговата порака до европските партнери дека земјата треба да се вреднува според „мерит-системот“, Мицкоски потсети дека државата е повеќе од 25 години во процесот, од кои 20 како земја-кандидат, и дека создавањето претходни исклучоци им овозможило на земји членки да поставуваат билатерални условувања.

— реклама —

„Кога еднаш ќе се воспостави исклучок, тој станува правило. Ако билатералните прашања се критериумот, тогаш суштината на процесот се губи. Оцената треба да се темели на тоа што сме испорачале како реформи,“ рече премиерот, додавајќи дека верува оти Северна Македонија може да биде меѓу првите земји кои ќе стигнат до крајната цел доколку критериумот остане реформскиот напредок.

Во однос на ставовите на европските партнери, Мицкоски оцени дека „зависи во кој дел“, нагласувајќи дека е најмногу фокусиран на обврските од развојниот план. Тој посочи дека по паузата поради локалните избори, Владата повторно почнала со интензивна работа на преостанатите чекори што треба да се исполнат.

— реклама —

„Од 12 неисполнети чекори, очекувам до крајот на годината да реализираме најмалку осум, можеби и десет,“ изјави тој. Притоа посочи дека два чекора остануваат проблематични: субвенцијата за електричната енергија и измените на Изборниот законик.

— реклама —

Во врска со субвенционирањето на електричната енергија, Мицкоски нагласи дека Владата нема да ја укине мерката, бидејќи тоа би значело поскапување на сметките за граѓаните за 35 до 40 отсто.

Како втор предизвик го посочи Изборниот законик, каде, како што рече, во Собранието често се случуваат политички блокади и филбастеринг.

— реклама —

„За останатите точки сметам дека се достижни до крајот на годинава или во првите недели од следната,“ додаде премиерот.

Мицкоски ја повтори пораката дека Северна Македонија очекува објективен пристап на ЕУ – со нагласување дека реформите, а не билатералните спорови, треба да го определат напредокот на државите во процесот на проширување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: По речиси две и пол години стигнавме до точка нула, сега очекувам раст

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 1 ден

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања