Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Реконструкција: Tеатар за народ и замена на фотелји, Мицкоски го префарба истиот криминален систем“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ преку соопштение оцени дека најавената реконструкција на Владата претставува козметичка промена која нема да донесе суштински резултати за граѓаните, туку, како што велат од партијата, е обид да се прикријат неуспесите на актуелната власт.

— реклама —

Од опозициската партија наведуваат дека со реконструкцијата се менуваат само министерските позиции, додека, според нив, носителите на клучните политики и центарот на одлучување остануваат исти.

„Наместо резултати, денеска ќе гледаме нов политички театар. Станува збор за козметичка промена на фотелјите во истата структура“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Според СДСМ, реконструкцијата доаѓа во период кога државата се соочува со економски предизвици, раст на цените и застој на европскиот интеграциски процес.

— реклама —

Партијата смета дека со кадровските промени не се менуваат владините политики, ниту се презема одговорност за, како што наведуваат, досегашните неисполнети очекувања.

„Граѓаните нема да добијат повисоки плати, пониски цени, подобро здравство, поквалитетно образование или побрз напредок кон Европската Унија. Се менуваат само фотелјите, додека клучните ресори остануваат во истите раце“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека реконструкцијата претставува признание дека Владата не ги испорачала очекуваните резултати и оценуваат дека станува збор за „стара Влада во нова амбалажа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања