Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

„Реконструкцијата на Влада е само замена на Курто со Мурто“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

Најавената реконструкција на Владата нема да донесе суштински промени за граѓаните, туку претставува само замена на поединци без промена на политиките, изјави СДСМ преку соопштение.

Од опозициската партија во соопштението оценуваат дека по две години владеење, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не успеала да испорача резултати ниту на економски, ниту на социјален план.

„Замена на неколку имиња во Владата нема да донесе никаква промена за граѓаните, затоа што проблемот се политиките на оваа неспособна и криминална власт“, велат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, економијата се соочува со сериозни предизвици, буџетскиот дефицит е речиси целосно потрошен во првата половина од годината, јавниот долг е значително зголемен, а граѓаните не чувствуваат подобрување на животниот стандард.

— реклама —

Од СДСМ сметаат дека во, како што ја нарекуваат, „тендер-коалицијата“ нема суштински промени и дека реконструкцијата претставува само нова амбалажа за, според нив, истото неуспешно владеење.

„Старите политики остануваат, старите практики продолжуваат, а новите имиња се само нова амбалажа за истото старо, корумпирано владеење“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Од СДСМ во соопштението додаваат дека со актуелните политики државата не напредува и побараа промени кои, според нив, ќе обезбедат подобра иднина за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh5e1lghk4kch7KUDuGe

Борко останува, Перински од министер станува директор, Стоиљковиќ ќе води локална самоуправа, Велковски во образование

Македонија | пред 3 седмици

media-library5ajqpsbjvbtb1tS1ajr

Најмалку пет министри заминуваат со реконструкцијата на Владата во вторник, познати дел од ресорите кои ќе добијат нови челници

Македонија | пред 3 седмици

media-library3hn9onm4ofu66wE6Ai1

(Видео) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави реконструкција на симболот на Скопје, култната фонтана „Лотос“

Скопје | пред 6 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

„Нема рекострукција на владата засега, фокусирани сме партискиот конгрес“: Премиерот рече да не им се верува на шпекулациите

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања