Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Рекорден број прекршоци за шест часа: 825 возачи возеле побрзо од дозволеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryir0lrnvfjvgi6YVceHu

Дури 825 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина констатирало Министерството за внатрешни работи за само шест часа, при акциска контрола спроведена на 23 октомври на територијата на целата држава.

Контролата била спроведена од Секторот за сообраќајни работи при МВР, во периодот од 10 до 16 часот, со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Според податоците на МВР, од вкупниот број констатирани прекршоци, 398 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина во населено место, додека 427 прекршоци биле евидентирани надвор од населени места.

— реклама —

Во рамки на контролата биле откриени и два случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, полициските службеници констатирале уште 89 прекршоци од друг вид.

— реклама —

Од МВР информираат дека за сите утврдени прекршоци се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со спроведување акциски сообраќајни контроли, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и внимателни, да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

18-годишник возел мопед без дозвола и направил сообраќајка

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-librarytu6uoo4foi7a21ovh50

Син го нападнал татко му, па го бркал со автомобил

Македонија | пред 8 часа

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Подигнале кредит за стан, а потоа ѝ ги зел парите и прекинал контакт – скопјанец осомничен за измама од 1,5 милиони денари

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања