Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Рекордни приходи во Царината: Над 12 милијарди денари месечно, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library6s0um64vhkjoeHV1Eg4

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Царинската управа бележи рекордни резултати, при што за првпат се надминати 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тој истакна дека ваквите бројки се резултат на системски реформи, засилени контроли и подобра институционална координација.

„Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа- институција која има клучна улога во функционирањето на државата, во заштитата на економијата и во обезбедувањето стабилни приходи за буџетот.

Овој јубилеј е можност да се осврнеме на постигнатото, но уште повеќе да ги истакнеме резултатите што ги имаме денес.

— реклама —

Во изминатите 20 месеци, Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност.

Особено значаен е фактот што за првпат е надмината границата од 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тоа е резултат кој не доаѓа случајно, туку е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација.

Овие резултати се дел од пошироките напори на Владата, која веќе 20 месеци работи на воспоставување ред во институциите, на намалување на сивата економија и на зголемување на ефикасноста во наплатата на приходите.

Кога ја презедовме одговорноста, не наследивме систем кој функционира беспрекорно. Напротив – затекнавме состојба на хаос, нарушени процеси и сериозно ослабена институционална поставеност. Систем кој со години бил запоставуван и руиниран.

— реклама —

Но денес, со право можеме да кажеме дека таа фаза е надмината. Нормализацијата е завршена. Поставен е ред, воспоставени се правила и институцијата повторно функционира како што треба- во служба на државата и граѓаните.

Со конкретни мерки, со дигитализација на процесите и со јасна определба за борба против корупцијата, создадовме систем кој дава резултати. Царинската управа е еден од највидливите примери за тоа.

Во таа насока, сакам да упатам посебна благодарност и признание до директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, за неговото раководење, посветеност и резултатите кои ги постигнува институцијата под негово водство.

— реклама —

Истовремено, важно е да се истакне и одличната координација и заедничка работа со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Тоа партнерство, таа синергија, е еден од клучните фактори за постигнатите резултати.

Кога институциите работат како тим, кога има заедничка визија и јасна цел- резултатите не изостануваат.

Нашата цел е да продолжиме во оваа насока- со дополнително унапредување на капацитетите, со модернизација на системите и со создавање услови за побрза и поефикасна услуга за стопанството, но и со цврст пристап кон спречување на нелегалните активности.

Зад овие резултати стои трудот на сите вработени во Царинската управа. Вашата работа е значајна и видлива, а придонесот што го давате е од суштинско значење за функционирањето на државата.

— реклама —

Во име на тоа би сакал да Ви се заблагодарам за вашата посветеност и професионалност.

Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми резултати во периодот што следи.

Честит 34-ти јубилеј на Царинската управа“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 21 час

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања