Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Лекови без соодветна евиденција, спорни набавки и ненаплатени побарувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library58qjfn3sqj966fc92fG

Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Јавната здравствена установа – Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година откри повеќе слабости во финансиското работење, јавните набавки, управувањето со залихите и организацијата на здравствените услуги.

— реклама —

Ревизорите констатирале дека на Клиниката не било воспоставено навремено и ажурно евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција. Воедно, дел од медицинските материјали биле набавувани и пред склучување на договорите, со образложение дека било потребно да се обезбеди непречено функционирање на здравствените услуги.

Во извештајот се посочува и дека во установата не е формирана болничка аптека, иако според законските прописи таа треба да биде задолжена за управување со лековите и медицинските материјали.

— реклама —

Државната ревизија утврдила неправилности и во дел од постапките за јавни набавки, при што не биле целосно почитувани законските процедури. Дополнително, дел од побарувањата на Клиниката се постари од три години, што, според ревизорите, ја доведува во прашање нивната наплата. Констатирани се и разлики меѓу пресметаната и реално наплатената партиципација за извршените здравствени услуги.

— реклама —

Посебен акцент во извештајот е ставен на големиот број итни прегледи. Според наодите, дури 66 проценти од сите реализирани прегледи биле извршени со итни упати или без претходно закажан термин, што значително отстапува од предвидениот начин на функционирање на системот „Мој термин“.

Ревизорите оценуваат дека ваквата практика создава дополнително оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз планирањето на работниот процес, користењето на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите.

За надминување на утврдените слабости, Државниот завод за ревизија доставил осум препораки до Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија, со цел да се подобрат финансиското работење, организацијата и управувањето со установата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Домашното производство добило 6,29 милијарди денари од кредитната линија за инвестиции

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Министерството за дигитална трансформација без попис на дел од имотот, 43 проценти од работните места непополнети

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Спорни влогови, набавки без законска постапка и недостиг од лиценци откри ДЗР кај пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има 51 отсто удел

Македонија | пред 1 седмица

media-library6k072kv2islfbP107dL

34.000 евра месечно за јавно осветлување, запуштен парк и 100 телефонски броеви без евиденција – ДЗР со сериозни забелешки за Кичево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања