Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата: Констатирани сериозни слабости

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
zavod-za-revizija

Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави извештајот од извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2024 година, при што изрази мислење со резерва.

— реклама —

Според ДЗР, ревизијата утврдила повеќе слабости во финансиското работење и почитувањето на законската регулатива. Меѓу констатираните неправилности се неусогласеност меѓу материјалната и сметководствената евиденција поради отсуство на вредносни показатели во пописните листи, непреземање мерки за осигурување на имотот, како и отсуство на единствена евиденција за предметите во кои се изречени глоби.

— реклама —

Ревизорите утврдиле и слабости во дел од постапките за јавни набавки, односно во тендерската документација и техничките спецификации.

Од ДЗР информираат дека до одговорните лица во Комисијата биле упатени препораки за надминување на утврдените состојби, а во текот на ревизијата биле прифатени корекции со кои активата и пасивата се зголемени за 13,101 милиони денари.

— реклама —

Во извештајот е наведено и дека Комисијата за заштита на конкуренцијата во текот на 2024 година не работела во полн состав.

Од Комисијата доставиле забелешка на воведниот дел од нацрт-извештајот, која, како што појаснува ДЗР, била разгледана и оценета како известување за дополнителна надлежност на институцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Домашното производство добило 6,29 милијарди денари од кредитната линија за инвестиции

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Министерството за дигитална трансформација без попис на дел од имотот, 43 проценти од работните места непополнети

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Спорни влогови, набавки без законска постапка и недостиг од лиценци откри ДЗР кај пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има 51 отсто удел

Македонија | пред 1 седмица

media-library6k072kv2islfbP107dL

34.000 евра месечно за јавно осветлување, запуштен парк и 100 телефонски броеви без евиденција – ДЗР со сериозни забелешки за Кичево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања