Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Револуционерната гарда ги предупредува Иранците преку пораки: Протестите ќе се третираат како соработка со непријателот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иранската Револуционерна гарда ги предупредила граѓаните да не излегуваат на улица на протести, оценувајќи дека секое собирање ќе се смета за соработка со „непријателот“, покажуваат пораки испратени од разузнавачката единица на Корпусот на исламската револуционерна гарда, до кои дојде Би-Би-Си.

— реклама —

Според содржината на пораките, евентуалните протести се квалификуваат како „улични немири“ што се „планирани од непријателот“, а се предупредува дека „секое движење што ја нарушува безбедноста се смета за пример на директна соработка со непријателот“. Во посебна текстуална порака, граѓаните биле повикани да пријавуваат „антибезбедносни“ инциденти преку телефонски број што го обезбедува Револуционерната гарда.

— реклама —
— реклама —

По смртта на ајатолахот Али Хамнеи, Би-Би-Си верификуваше видеа од повеќе ирански градови на кои се гледаат групи граѓани кои слават на улиците. Паралелно со тоа, ирански медиуми известуваат за собири на ожалостени граѓани во Техеран и други градови, што укажува на длабока поларизација во јавноста.

Во меѓувреме, интернетот и натаму е недостапен за поголемиот дел од населението, што значително ја отежнува проверката на информациите и создава нејасна слика за случувањата во земјата. Дел од граѓаните сепак успеваат да се поврзат преку алтернативни методи, вклучително и преку сателитската интернет-услуга „Старлинк“, што овозможува ограничен проток на информации надвор од државната контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања