„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ристоска се жали на нетранспарентност, но и самата молчи додека „нејзината вистина“ и „вистинската вистина“ не се поклопуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Два дена откако објави дека имала „укажувања да ја повлече кандидатурата“ за судија во Стразбур, обвинителката Ленче Ристоска сè уште не одговара на клучните прашања што произлегоа од нејзината изјава. Јавноста остана без одговор – кој ѝ укажал да се повлече и кој стои зад тие пораки. Молк има и за наводите дека таа во изминатите месеци лобирала преку странски амбасади, чекајќи одлука од Владата.

— реклама —

Нејзиното одбивање да одговори не е ново. И по текстот за нејзината кандидатура во мај годинава, Ристоска најави дека ќе даде појаснувања за неколку контроверзии поврзани со нејзиниот углед – но тие одговори никогаш не стигнаа.

Изјавата на Ристо

— реклама —

ска не сакаше да ја коментира премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека „тоа е нејзина вистина“, а „вистинската вистина“ е онаа што ја дала Владата.

„Јас нема да навлегувам во тоа што го кажуваат кандидатите, тоа е нивна вистина. Вистинската вистина е таа што ја кажа Владата. Се формира нова комисија составена од луѓе што раководат со судско-обвинителски институции. Тие нека одлучат на следниот конкурс кој е најдобар, за да нема изговори. Би се воздржал од каков било коментар за изјавите на кандидатите“, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање зошто Владата би имала поголема тежина од Комисијата која ја формираше Министерството за надворешни работи – во која членуваат професори, правници и други релевантни експерти – Мицкоски не даде директен одговор. Не објасни ни кои точно критериуми не ги исполниле тројцата избрани кандидати меѓу кои беше и Ристовска.

„Констатирано е дека не ги исполнуваат критериумите, има во соопштението на Владата. Обратете се таму, ќе ви објаснат“, кусо одговори премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања