„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ристовски: Фокусирани сме на финансирање на проекти за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура како основа за развој на спортот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
28102024_Ristovski

Министерот за спорт Борко Ристовски учествуваше на четвртата трибината во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на образованието, културата и спортот во нашето општество.

— реклама —

Ристовски ја истакна важноста на новото Министерство за спорт во заложбата да се врати спортот каде што му е местото во македонското општество, а спортските субјекти да имаат надлежна институција во извршната власт која ќе ги застапува нивните интереси. На трибината тој ја презентираше затекнатата состојба во македонскиот спорт, целите и заложбите на новото министерство во насока на поставување на спортот на здрави основи и враќање на довербата во институциите.

„Направивме една комплетна анализа на затекнатите состојби, обезбедивме финансиски средства за националните клубови и за федерациите што претходно не беа обезбедени. Отворивме нов проект со фокус на врвниот спорт според кој, националните федерации и клубовите кои имаат официјални меѓународни настапи добија дополнителни околу 84 милиони денари. Во текот на оваа недела по нови критериуми ќе бидат поделени оние 550 милиони денари државни субвенции во спортот кои од претходната власт не беа ни буџетирани. До крајот на годината ќе отвориме уште една нова програма која ќе значи поддршка на развојот на женскиот спорт и поддршка за млади таленти. Што значи дека ќе ја затвориме годината со една сериозна сума од околу 14 милиони денари државни средства во спортот. Секоја распределба на овие државни средства за спортот ќе поминува на седница на Владата што е уште еден сегмент во обезбедување на транспарентноста во целата постапка“, истакна Ристовски.

— реклама —

Министерот Ристовски посочи дека веќе во првите четири месеци се гледаат позитивните резултати нагласувајќи дека Министерството за спорт ќе финансира програми и ќе бара резултати, а спортските субјекти ќе ја добиваат државната помош директно од Министерството без досегашните посредници што претходно оставаше простор за разни манипулативни постапки.

„Ќе финансираме програми и ќе бараме резултати. Тоа е еден сосема поинаков пристап. Ќе биде вреднуван успехот и пласманот во националните првенства тоа е основата по која ќе се распределуваат државните средства што се однесува до колективните спортови, во индивидуалните спортови ќе се вреднуваат резултати. Со тоа ќе го сведеме на минимум просторот за манипулација што го имало претходно“, нагласи Ристовски.

Новиот модел на финансирање и правична распределба на државните средства за помош на спортот е поставен како еден од главните приоритети на Министерството за спорт покрај проектите за изградба и за реконструкција на спортската инфраструктура.

„Втор сегмент на кој се фокусиравме е финансирање на проекти за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура како основа за развој на спортот. До крајот на 2024 година ќе отпочнат осум капитални проекти. На тој начин ќе ја затвориме сликата на кој начин размислуваме и во која насока ќе се движи работата на Министерството за спорт“, истакна министерот Борко Ристовски.

Платформата "100% Посветено за тебе" претставува иницијатива на Владата со цел да се обезбеди транспарентност и отворен дијалог со граѓаните и можност да се информираат за активностите на Владата во првите 100 дена од мандатот, како и за работата, целите и остварувањата на ресорните министерства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryie4426a3k66m6Ld3hry

Ристовски: Субвенциите донесоа поправедна распределба, спортските пари ќе зависат исклучиво од резултати

Македонија | пред 12 часа

borko-r

Ристовски: Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложување и коцка

Македонија | пред 1 година

borko-ristovski

“Милионски суми, злоупотрби, заложници”, автомобилистот Кировски гневен, го повика министерот за спорт Борко Ристовски

Македонија | пред 1 година

boooo

Ракометарот Борко Ристовски во улога на презентер на 37 -то издание на „Макфест 2022“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања