Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ристовски: Нема веќе спортски ликови на рекламите за обложување и коцка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
borko-r

Министерот за спорт, Борко Ристовски, го најави меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија - Касинос Австрија.

— реклама —

— реклама —

„Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите - поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа.

Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта и настани поврзани со спортот, како и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности.

— реклама —

Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, и ова е еден убав почеток на идна соработка“, напиша министерот Ристовски на социјалните мрежи.

— реклама —

„Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryemtklf1c956f5CU3RRr

Одблокирана сметката на НПФ, најавени подобри услови за македонските пливачи

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarypolqs0g2cfvs9idHH0K

Марко Џорлев е светски шампион во карате за кадети, Ристовски: Гордост за цела Македонија

Спорт | пред 3 седмици

media-librarykck45l4qm2u0aamkhV7

По 11 години застој: Охрид конечно ќе добие затворен базен, обезбедени 470 милиони денари

Спорт | пред 1 месец

media-library4t5o9g6fc1gu18g73vS

Почна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања