Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

РКЕ ја пресече дилемата и ја соопшти цената на струјата: Сметките ќе бидат повисоки и за најштедливите домаќинства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
struja

И домаќинствата со најниска потрошувачка на електрична енергија од јануари ќе плаќаат повисоки сметки, иако зголемувањето ќе биде ограничено на неколку десетици денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се коригира нагоре во сите потрошувачки блокови.

Според одлуката, која ќе се применува од 1 јануари 2026 година, поскапувањето се движи од 2,45 до 3,84 отсто, во зависност од тоа во кој блок спаѓа потрошувачката. Цената на евтината струја, исто така, ќе биде повисока за 2,5 отсто.

Корекциите по блокови изнесуваат:
– прв блок: зголемување од 2,45 отсто
– втор блок: 2,87 отсто
– трет блок: 3,32 отсто
– четврт блок: 3,84 отсто

— реклама —

И покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, појасни дека кај домаќинствата кои трошат најмалку, ефектот ќе биде ограничен.

— реклама —

„Ако домаќинството остане во првиот блок, со потрошувачка од околу 210 киловат-часови скапа струја и 227 киловат-часови евтина струја, сметката ќе биде повисока за околу 57 денари“, изјави Бислимовски.

— реклама —

Кај оние кои ќе ја надминат границата на првиот блок и ќе влезат и во вториот, со дополнителни околу 420 киловат-часови, зголемувањето ќе изнесува приближно 70 денари месечно.

Од РКЕ нагласуваат дека блок-тарифниот модел останува непроменет, со цел да се заштитат домаќинствата со пониска потрошувачка, додека повисоките трошоци и натаму ќе значат и повисока цена на струјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Нови цени на горивата: бензините поевтинуваат за 2 денари, дизелот поскапува за 1 денар

Македонија | пред 1 седмица

IMG_8162

Од 1 август поскапува парното во Скопје, сметките повисоки во просек за 140 денари

Македонија | пред 2 седмици

benzinska-benzin-nafta-

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за 3 денари

Македонија | пред 2 седмици

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања