Промени тема
Контакт

РКЕ со нови пониски тарифи: од јануари паѓаат мрежните трошоци во сметките за струја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
electricity-meter-96863_1280

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) утврди пониски тарифи за повеќе мрежни услуги што влијаат врз крајната цена на електричната енергија. Со важност од 1 јануари 2026 година, трошокот за користење на електродистрибутивниот систем се намалува за 3,64 отсто, надоместокот за преносната мрежа на „МЕПСО“ се намалува за 2,67 отсто, а цената што ја наплатува „МЕМО“ се коригира надолу за 3,40 отсто.

— реклама —

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, објасни дека со оваа одлука се дефинирани сите параметри потребни за формирање на крајната цена на струјата – од набавната цена и количините, до услугите на операторите и покривањето на загубите.

— реклама —
— реклама —

„Сега останува универзалниот снабдувач ‘ЕВН ХОУМ’, под надзор на РКЕ, да ги пресмета и да ги објави конечните блок-тарифи. Делот што го регулираме ние има влијание од околу 36 отсто во крајната цена“, истакна Бислимоски.

Во сегашната структура, трошокот за користење на електродистрибутивната мрежа учествува со околу 33 отсто во крајната цена, надоместокот за преносната услуга со околу 4 отсто, а МЕМО има минимален удел од приближно 0,19 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Грејната сезона започнува на 15 октомври

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Нови цени на горивата: дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Нови цени на горивата: бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денари

Македонија | пред 3 седмици

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поевтинува дизелот за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања