Промени тема
Контакт

Родителите на тинејџерите од сообраќајката во Марино бараат одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
jancev

Семејствата на двете малолетни жртви од септемвриската несреќа во Марино испратија официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое бараат да биде покрената постапка за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Тие велат дека се чувствуваат обесправено и дека имаат страв дека неговата политичка функција може да го наруши интегритетот на идниот судски процес.

— реклама —

Несреќата се случи на 14 септември 2025 година, кога возило „Хјундаи Тусон“, управувано од Јанчев, се судри со мопед на кој се превезувале 16-годишниот М.Д. и 13-годишната А.Т. Повредите беа тешки за двајцата, а момчето подоцна, на 9 октомври, почина во болница. Девојчето останува на лекување и со сериозни последици од ударот.

— реклама —

Во писмото до Собранието, родителите објаснуваат дека обвинение сè уште не е поднесено и дека токму затоа е неопходно пратеникот да не ужива дополнителна заштита која би можела да ја забави или да влијае врз постапката. Според Уставот и Деловникот, секое барање за одземање имунитет мора најпрво да се достави до претседателот на Собранието, а потоа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања одлучува дали ќе го препрати на гласање пред пратениците.

— реклама —

По несреќата, на Јанчев му беа одземени пасошот и возачката дозвола како мерки на претпазливост. Од Левица тврдат дека тој не бил под дејство на алкохол и дека мопедот бил нерегистриран, неисправен и управуван од малолетник без дозвола и без кацига, кој се забил во возилото.

— реклама —

Родителите, пак, инсистираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и дека одземањето на имунитетот е единствен начин да се обезбеди фер постапување на институциите. Случајот продолжува да ја бранува јавноста, која очекува брза и транспарентна реакција од Обвинителството и Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4f32c68k5bg47UNuCAa

(Видео) Тешка сообраќајка кај Белви: Се судриле три автомобили и автобус, тројца однесени во болница

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Македонски државјанин загина откако се преврте со камион и се запали кај Лесковац

Македонија | пред 2 дена

media-librarydc748vbj9c5jaEihNj0

Местата во првите редови ќе останат празни: Филип ќе свири за Петар, Адам, Марко и Ристе кои загинаа во трагична сообраќајка во Скопје

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqomen0mjqh9bdDTTNdn

(Видео) Сообраќајка кај „Нова Македонија“ меѓу автомобил и доставувач со мотоцикл

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања