Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ројтерс: Судовите пресудија дека администрацијата на Трамп 75 пати го прекршила Првиот амандман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го прекршила Првиот амандман од Уставот на САД, кој ги гарантира слободата на говор, вероисповед и печат, во најмалку 75 случаи, покажува анализата на агенцијата „Ројтерс“.

— реклама —

Според анализата, федералните судии донеле 75 пресуди во кои оцениле дека администрацијата ги ограничувала правата загарантирани со Првиот амандман. Меѓу другото, судовите утврдиле дека бил ограничуван говорот на политички противници, биле преземани мерки против универзитети и адвокатски канцеларии, а во одредени случаи била употребена и прекумерна сила за време на протести.

— реклама —

Белата куќа ги отфрла ваквите пресуди, оценувајќи дека федералните судии со своите одлуки ја попречуваат волјата на американските гласачи.

— реклама —

„Ројтерс“ наведува дека за време на вториот мандат на Трамп, пониските федерални судови разгледувале вкупно 93 предмети поврзани со наводни прекршувања на Првиот амандман, а администрацијата изгубила во најголемиот дел од нив. За споредба, во мандатот на Џо Бајден биле разгледувани 27 такви случаи, од кои администрацијата изгубила во 13.

— реклама —

Трамп во изборната кампања најавуваше дека ќе стави крај на, како што тврдеше, владината цензура и ќе ја заштити слободата на изразување, но неговите критичари сметаат дека подоцнежните мерки биле насочени кон политички противници и станале предмет на бројни судски спорови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Иран: Нема преговори со САД, Ормускиот Теснец останува затворен до исполнување на условите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања