Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Рубин Земон по острите критики поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryvb8ks56abgs65VXPh3n

Кратко траеше партиската функција на Рубин Земон. По само неколку месеци, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, поднесе оставка од својата партиска функција. Оваа одлука доаѓа по низата жестоки реакции и критики во јавноста поврзани со неговите неодамнешни активности и изјави.

„Сакајќи да го заштитам угледот на СДСМ од непринципиелните напади кон мене, а со тоа не бирајќи средства да го инволвираат и моето семејство, а со цел да не бидам терет на борбата на партијата кон уривањето на оваа власт, поднесувам оставка од местото член на ИО на СДСМ“, објави Земон на Фејсбук.

media-library0e4mhrg65ojj9yvD4zq


Притисокот врз Земон беше особено изразен откако во јавноста одекна веста и беше објавена фотографија од Софија за неговата средба со бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на таканаречената „Фондација Македонија“. Стојанов има забрана за влез во државата и кривична пријава за ширење говор на омраза кон македонската држава и македонскиот народ.

— реклама —
media-library6m3bbbcrogl44PJTYeH



Земон се правдаше дека случајно Стојанов седнал на масата на која бил тој со својот син, а дека разговарале за односите меѓу двете држави.

Земон претходно беше остро критикуван за изјавата во која тврдеше дека „Гоце Делчев бил само мит што ништо не направил за Македонија и не напишал ништо“.

По острите критики, Земон се извини, тврдејќи дека неговите зборови биле извадени од контекст и погрешно протолкувани. Земон нагласи дека немал никаква намера да го минимизира или навреди значењето на историскиот лик и делото на Делчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library40l7dsj1kgo83hZWAqI

Стојаноска го нападна СДСМ: „Во партијата се ревидира македонската историја“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarytkiqali49d86ft4Bhry

Костадинов по оставката на Земон: „Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација“

Македонија | пред 3 седмици

media-library98lt9uhdbguu5mPeC7r

По навредливата изјава за Гоце Делчев, Рубин Земон на средба со Виктор Стојанов од Бугарија, осомничен за ширење омраза кон Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryubkqm6meao8r5k7feKn

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања