Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Стојаноска го нападна СДСМ: „Во партијата се ревидира македонската историја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library40l7dsj1kgo83hZWAqI

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратеничката Дафина Стојаноска преку објава на социјалните мрежи упати серија остри критики кон СДСМ и актуелното партиско раководство, осврнувајќи се на односите со Бугарија, историските прашања и актуелните политички случувања.

„Б'лгарската роза Филипче треба 5 пати да дава оставка во денот, според Земон.

— реклама —

Нашиот став е ист, по однос на Бугарија. Проблемот сите го знаат, а тоа беше внесувањето билатерален спор во преговарачка рамка, во кој треба да се решаваат прашања од идентитетски карактер, што за 21 век е тешка небулоза. Да не заборавиме дека е потпишано и еднаш годишно да се поднесува извештај за сработеното меѓу историските комисии - дали е постигнат напредок или не. (во Протоколот)…

— реклама —

Но, што е уште поголем проблем?!?

— реклама —

Почнувајќи од Зоран Заев (неговите изјави за БГНЕС), бившиот Претседател Пендаровски, па октроираниот Премиер Ковачевски и завршувајќи со ново-стариот ваш член на ИО - Рубин Земон, а неофицијално (од разговори со ваши поддржувачи), доаѓам до заклучок дека внатре во СДСМ непрекинато во целиов изминат период се ревидира познатата наша македонска историографија и сте изедначени во таквото редефинирање со она што го говори Софија векови наназад. Со тоа правите уште едно отцепување од македонското ткиво на голем дел од членството на СДСМ и ваши поддржувачи, а го доведувате во сомнеж и нивниот македонски идентитет. Го проблематизирате македонскиот карактер на ВМРО во историјата, го тргнавте АСНОМ од преамбулата на Уставот (што значи и директно го испроблематизиравте и постоењето на АСНОМ ска Македонија), а на крајот - и со Преспанскиот договор ја "избрусивте" Македонија, го погазивте и Уставот од 1991 година, и покрај тоа што Референдумот од 2018-та беше неуспешен.

И покрај сѐ, го направивте ова. Е ова беше РЕЖИМ!

Доколку не се обезбедат гаранции дека нема да има нови уцени, секогаш гласно ќе повикувам тоа да не се случи, макар траело и 1000 години. Моето еднаш кажано НЕ е НЕ за навек, доколку нешто не се промени во третманот кон моите Македонци.

Во меѓувреме, додека толку гласно урлате за Бугари во Устав, Љупчо Николовски доби кривична за проневера од 800 000 €, а „јавачкиот” обвинител од Зајас аминува криминал од 167 000 000 €.

Ете, толку е саатот', вели Стојаноска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytkiqali49d86ft4Bhry

Костадинов по оставката на Земон: „Кадровскиот рулет скапо чини, на СДСМ очајно му треба внатрешна консолидација“

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryvb8ks56abgs65VXPh3n

Рубин Земон по острите критики поднесе оставка од Извршниот одбор на СДСМ

Македонија | пред 16 часа

media-library98lt9uhdbguu5mPeC7r

По навредливата изјава за Гоце Делчев, Рубин Земон на средба со Виктор Стојанов од Бугарија, осомничен за ширење омраза кон Македонија

Македонија | пред 23 часа

media-libraryubkqm6meao8r5k7feKn

Земон се извини по изјавата за Гоце Делчев, вели дека бил погрешно разбран: Тие што ширеа говор на омраза ќе се соочат со законот

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања