Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Рубио пристигна во Пекинг иако е под санкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Пекинг заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, иако претходно беше под кинески санкции и со забрана за влез во земјата.

Според извештаите, Пекинг проблемот го решил со необичен потег – промена на кинеската транскрипција на неговото презиме.

— реклама —

Рубио, кој како сенатор беше еден од најгласните критичари на Кина, особено за човековите права и односот кон Ујгурите и Хонг Конг, двапати беше санкциониран од кинеските власти.

— реклама —

Но, непосредно пред да ја преземе функцијата државен секретар во 2025 година, кинеската влада и државните медиуми почнале да користат друг кинески знак за дел од неговото презиме.

Двајца дипломати за AFP изјавиле дека веруваат оти Кина го направила тоа за да ги заобиколи санкциите што биле воведени под претходната верзија на неговото име.

— реклама —

Портпаролот на кинеската амбасада, Лиу Пенгју, изјави дека санкциите се однесувале на зборовите и постапките на Рубио додека бил американски сенатор.

— реклама —

Во меѓувреме, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, рече дека не забележала промена во записот на неговото име, но додаде дека англиската верзија е поважна.

Рубио претходно ја опиша Кина како најголем противник со кој САД некогаш се соочиле, но по преземањето на функцијата главно го поддржува пристапот на Трамп, кој повеќе се фокусира на трговијата и соработката со Пекинг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио повика на заедничка акција на земјите-членки на Г20

Свет | пред 2 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио негира дека САД престанале да ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања