Промени тема
Контакт

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Свет
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Американскиот државен секретар Марко Рубио оцени дека војната во Украина се наоѓа во опасен ќорсокак и порача дека САД ќе продолжат да работат на постигнување договор за нејзино завршување.

— реклама —

„Би сакале да видиме договорно решение на оваа војна кое е трајно, одржливо и праведно. Тоа е она на што остануваме посветени“, изјави Рубио пред новинарите за време на посетата на Португалија.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели се обидува да ги оживее преговорите за завршување на конфликтот. Украински преговарачи треба да ги посетат САД во петок и сабота за разговори.

— реклама —

Во меѓувреме, меѓусебните напади со беспилотни летала меѓу Русија и Украина годинава постепено се проширија и врз економски цели. Биле погодени енергетски постројки, рафинерии, пристаништа и бродови што превезуваат нафта и жито, магацини за електронска трговија, а неодамна и центри за податоци.

— реклама —

Рубио предупреди дека дополнителната ескалација би можела да предизвика поширок конфликт.

„Таквата ескалација би можела да заврши како кампања на саботажи во соседните земји што се членки на НАТО“, рече тој, додавајќи дека други случувања би можеле брзо да ја претворат војната меѓу двете земји во многу поширок и поопасен регионален конфликт.

„Оваа војна мора да заврши со договор. Колку побрзо, толку подобро. САД се подготвени да го олеснат тоа. Се обидовме. Ќе продолжиме да се обидуваме. Но, исто така, нема да инвестираме во бесмислени процеси ако не можеме да постигнеме напредок“, додаде Рубио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио со порака до Куба: „Ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

Свет | пред 2 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио му се закани на Меѓународниот кривичен суд, обвинителот возврати: Не разбира како функционира судот

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Иран никогаш досега не се соочил со претседател како Трамп

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања